Кики Мукаетова ќе ја претставува Македонија на европската сцена како една од шесте финалистки за Aspiring Teen Award во рамките на Women in Tech Europe Awards 2026.
Надворешниот изглед е многу важен за кариерата и ќе се излажете ако си помислите дека никој не оценува како сте облечени додека сте на работното место. Дознајте ги најчестите женски грешки при изборот на деловна облека и прочитајте како да ги избегнете.
По сè изгледа дека секс маратоните не се најпосакувани. Истражување направено од 50 членови на Society for Sex Therapy and Research, покажало дека најпосакуван е сексот што трае 7-13 минути.
Обидувајќи се да дојдат чекор поблиску до тајната на проѕевањето, експертите од оваа област се собрале на Првата меѓународна конференција за проѕевањето. Таму била претставена нова теорија според која се смета дека проѕевањето е знак на многу емоции како интерес, стрес и дури и желба за секс.
Американски истражувачи откриле дека ресвератролот (супстанција што ја има во грозјето и црвеното вино) го спречува оштетувањето на крвните садови во очите коешто настанува поради староста.
Касањето е честа појава во детското однесување. Слично како и удирањето и тргањето на косата на другите, и касањето е агресивно однесување кое до одреден степен е нормално. Прочитајте зошто децата касаат и што треба да преземете за да ја искорените таквата навика.
Еден од најдобрите совети е почесто да се смеете, дури и кога не чувствувате среќа, затоа што за кратко време насмевката ќе повлијае на вашите емоции и ќе се почувствувате посреќни. Истражување спроведено од њујоршки психолози покажало дека смеењето ја зголемува среќата.
Најголем дел од луѓето во светот уживаат кога се на одмор, но работливите Јапонци повеќе уживаат додека се на работното место. Јапонците не само што добиваат најмалку слободни денови во текот на годината (16,5), туку и најмалку ги искористуваат.
Навистина Гага многупати успеваше да ја победи гравитацијата со нејзините нестандардни обувки, но тоа не било случај вчера на аеродромот Хитроу во Лондон. Ексцентричната пејачка изгубила рамнотежа и се спружила на земјата поради енормно високите чизми.
Милиони луѓе низ светот го започнуваат секој ден со чаша кафе. Кафето е еден од најпопуларните пијалоци и често е тема на различни истражувања со цел да се утврдат еднаш засекогаш ползите и ризиците кои ги носи. Прочитајте како кафето му помага и како може да му наштети на вашето здравје.
41% од Американците веруваат дека Исус ќе се врати на Земјата, 53% сметаат дека обичните луѓе ќе патуваат во вселената, а дури 89% веруваат дека жена ќе биде избрана за претседател на САД. Прочитајте што друго Американците сметаат дека ќе се случи до 2050г.
За различни расположенија и makeup комбинации, dm марката trend !t up ја нуди N°1 Express Volumen Mascara во сина, кафеава и црна боја, како и во водоотпорна црна варијанта.