• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Дете

Зошто вашето дете каса и како да го одвикнете?

25 јуни 2010, 10:17
  • cподели

Сигурно на сите ви се случило да видите мало дете како го каса своето другарче или пак можеби вие сте биле „лошото“ дете што ги касало другарчињата. Касањето е честа појава во детското однесување. Слично како и удирањето и тргањето на косата на другите, и касањето е агресивно однесување кое до одреден степен е нормално. Но, тоа не значи дека треба да биде игнорирано. Колку побрзо реагирате, толку помалку ќе треба да се соочувате со непријатни ситуации дома или во градинка.

Девојче што касаФрустрираноста и желбата за внимание се само дел од причините поради коишто децата касаат

Искоренувањето на ваквата навика кај децата не е лесно. Првиот чекор е познавањето на причините кои го поттикнуваат вашето дете да каса.

Зошто децата касаат?

Неможноста да се искаже правилно и желбата за независност и имање контрола над другите се само дел од причините коишто можат да поттикнат едно дете да ги изрази своите фрустрации преку касањето. Најчести причини за појавата на вакво однесување се:

  • Љубопитност. Бебињата и децата го запознаваат околниот свет преку своите сетила. Честопати кога ќе му дадете играчка на мало дете, тоа ќе ја стави прво в уста. Тоа е нивниот начин на учење. Децата сакаат да ги проучуваат и реакциите кои настапуваат откако тие ќе направат нешто. Пример: ја фрлаат играчката за да видат што ќе се случи и откриваат дека паѓа. Тропаат силно по масата за да откријат дека се создава силен звук. Исто така, понекогаш касаат за да дознаат каква ќе биде реакцијата.
  • Привлекување на внимание. Кога едно дете е игнорирано и не добива доволно внимание, тоа бара начин како другите да го забележат. Касањето е брз начин кој ќе го постави во центарот на вниманието, без разлика што тоа ќе биде на негативен начин.
  • Фрустрација. Многу често малите деца се фрустрираат затоа што не можат да се изразат правилно. Обидувајќи се да побара дадена играчка, ако детето не успее да најде начин да го направи тоа вербално, тогаш ќе употреби други методи како касање, тргање за косата или удирање. Неможноста да го изрази чувството на лутина на друг начин може да го поттикне детето да биде агресивно.
  • Заштита. Касањето за некои деца е заштитен механизам за самоодбрана. Кога едно дете се чувствува застрашено од друго или насетува некаква опасност, може да започне да се брани преку касањето.
  • Стрес. Стресот не е проблем кој се појавува само кај возрасните. Големите промени во животот на детето како преселување, доаѓање на нов член во семејството, губење на член од семејството и сл., можат да создадат голем стрес кај него. Во таква ситуација, преку касањето детето ги искажува своите чувства и ја намалува напнатоста што ја чувствува.
  • Имитирање. Честопати возрасните во процесот на игра го каснуваат своето дете за прстињата на нозете или за газето. Но, тоа може да му даде погрешна порака на детето. Кога е мало, детето не може да прави разлика помеѓу касање во игра и силно касање. Исто така, едно дете може да започне со оваа лоша навика ако некое од неговите другарчиња го прави истото.

Како да го одвикнете вашето дете од касањето?

Многу важно е да дознаете и да разберете зошто вашето дете каса, но исто толку важно е да го сопрете таквото однесување. Еве неколку предлози:

  1. Набљудувајте за да дознаете кога најчесто се случува. Касањето е проблем кој бара му да посветите повеќе од вашето време. Набљудувајте го вашето дете додека си игра со другарчињата и откријте која е причината што го поттикнува да се однесува непристојно.
  2. Бидете еден чекор пред него. Кога веќе ја знаете причината, лесно ќе можете да го испреварите и да го спречите касањето уште пред да се случило. Ако знаете дека вашето дете каса кога сака да побара играчка, пред да го направи тоа тргнете го настрана и објаснете му како да ја побара вербално.
  3. Останете смирени и разделете ги децата на безбедно растојание. Ако не сте успеале да го спречите касањето, потребно да се соочите директно со проблемот. Прво треба да ги раздвоите децата за да бидат на растојание коешто ќе ги спречи да остварат физички контакт.
  4. Посветете му повеќе внимание на каснатото дете. На тој начин ќе покажете дека касањето не е ефективен начин за привлекување на внимание. Утешете го каснатото дете и ако кожата е пробиена од забите, измијте ја раната и ставете завој и мраз за да го спречите потекувањето.
  5. Смирено пријдете му на вашето дете. Многу често децата кои касаат потоа се чувствуваат виновни и исплашени, па викањето не е соодветен начин да му пријдете. Кажете му нешто од типот „изгледаш тажно што твоето другарче го боли раката поради тоа што го касна“.
  6. Не го изолирајте. Ако веднаш по инцидентот го отстраните вашето дете од местото на настанот, ќе ја пропуштите приликата да му одржите лекција. Наместо да го направите тоа, вклучете го да ви помогне да му ја преврзете раката на каснатото дете. На пример, натерајте го да донесе мраз. Така тоа ќе има можност да учи од ситуацијата.
  7. Подучувајте го константно. Употребувајте ги истите мерки за воспитување. Така вашето дете ќе може да предвиди како би се развивале нештата и по одредено време ќе прекине да ги предизвикува.
  8. Научете го кои му се алтернативите. Кога напнатата ситуација ќе одмине, започнете разговор со вашето дете. Објаснете му дека е нормално да чувствува лутина или фрустрација, но дека касањето и удирањето не се прифатливи начини за однесување. Научете го да ја искажува својата лутина преку зборови или пак советувајте го дека кога не може да се справи со дадена ситуација само, треба да побара помош од повозрасна личност.

Што да не правите?

Откако вашето дете ќе касне некого, во никој случај не го касајте вие него само за да му покажете дека боли. Не се надевајте дека тоа ќе му биде лекција за да прекине. Таквата постапка може да му укаже дека сепак касањето понекогаш е приемливо.

Не барајте вашето дете да ви објасни кои се причините поради кои тоа каса. Дури и кога изгледа дека причината е некоја играчка, најверојатно вистинската причина е друга – фрустрација, неможност за правилно изразување и сл. Најважно е вие да се фокусирате на решавање на проблемот.

Колку и да се трудите, касањето може да не исчезне веднаш. Потребно е да бидете трпеливи.

Tags
дете
касање

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.