Во знак на револт поради низата случаи на насилство врз жените и институционалната неодговорност, неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ денеска организираше блокада пред Владата.
Меѓу присутните кои јавно проговорија за насилството беше и Бети Ангелковска, мајката на 21-годишната девојка од Битола. Со солзи во очите, таа раскажа низ што поминала нејзината ќерка, но и порача дека нема да се откаже додека не биде задоволена правдата.