• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Тиго го унапредува онлајн кредитирањето со интеграција на Evrotrust

20 ноември 2026, 00:00
  • cподели

Новото дигитално решение овозможува електронска проверка на идентитетот, со посебен акцент на сигурноста и заштитата на личните податоци.

Тиго

ТИГО го унапредува процесот на онлајн аплицирање за кредит со интеграција на Evrotrust, решение за едноставна и сигурна електронска верификација на идентитетот. Новата функционалност им овозможува на клиентите дигитално да го потврдат својот идентитет, без потреба од физички потпис и посета на филијала за завршување на оваа постапка. Со оваа новина, ТИГО продолжува да ги развива своите дигитални услуги, овозможувајќи им на клиентите полесен пристап до финансиски решенија, со помалку административни процедури и поголема флексибилност при аплицирањето.

Сигурноста на клиентите и заштитата на нивните лични податоци се во фокусот на новото решение. Преку Evrotrust, електронската проверка на идентитетот се врши со биометриска верификација преку препознавање на лицето и отпечатокот од прст. На овој начин се потврдува идентитетот на клиентот, а неговите лични податоци се заштитени со високо ниво на сигурност. Дополнително, Evrotrust е дел од системот на доверливи услуги што се признати во Европската Унија.

Процесот на онлајн аплицирање за кредит се одвива во неколку едноставни чекори. Клиентот го избира посакуваниот износ на кредитот и го поднесува барањето, по што ги внесува потребните лични податоци и кодот за верификација што го добива на својот мобилен телефон. Потоа ја фотографира личната карта од двете страни и ги прикачува фотографиите во означените полиња. Ги внесува и дополнителните потребни податоци, а потоа го избира начинот на кој сака да ги добие средствата. Во завршниот чекор, преку Evrotrust го потврдува својот идентитет, следејќи ги инструкциите на својот уред. По успешното завршување на проверката, идентитетот на клиентот е потврден и процесот на аплицирање продолжува дигитално.

„Очекувањата на клиентите постојано се менуваат, а брзината, едноставноста и достапноста стануваат сè поважни при користењето финансиски услуги. Нашиот фокус е да ги унапредуваме процесите на начин што ќе донесе конкретна вредност за клиентите. Новиот процес за онлајн аплицирање е уште еден чекор во таа насока, со кој го правиме пристапот до нашите услуги поедноставен“, велат од ТИГО.

Воведувањето на новиот процес е дел од континуираните активности на ТИГО насочени кон модернизација на услугите, подобрување на оперативната ефикасност и унапредување на корисничкото искуство. Паралелно со развојот на дигиталните канали, компанијата продолжува да ја унапредува и својата мрежа на филијали, како и директната комуникација со клиентите, овозможувајќи им да го изберат начинот на аплицирање и комуникација што најмногу им одговара.

Новиот процес за онлајн аплицирање за кредит е достапен преку www.tigo.mk.

За ТИГО

ТИГО е финансиска компанија во Северна Македонија која нуди кредитни решенија за физички лица преку својата мрежа на филијали и дигитални канали. Компанијата е посветена на развој на достапни финансиски услуги, унапредување на корисничкото искуство и континуирано подобрување на своите производи и процеси.

За Evrotrust

Evrotrust е европска технолошка компанија и квалификуван давател на доверливи услуги (QTSP), специјализирана за дигитален идентитет, далечинска електронска идентификација и квалификувани електронски потписи. Со решенија усогласени со европската регулатива eIDAS, Evrotrust им овозможува на компаниите, финансиските институции, телекомуникациските оператори и јавните институции да ги дигитализираат своите процеси и да обезбедат сигурни, брзи и правно валидни дигитални интеракции. Повеќе информации на www.evrotrust.com/mk.

Tags
Тиго

Најнови

  • Тиго

    Тиго го унапредува онлајн кредитирањето со интеграција на Evrotrust

    Fri, 11/20/2026 - 00:00
  • „Најубавата наследничка на твоето име“: Адријана Алачки доби внука која ќе го носи нејзиното име

    Thu, 11/19/2026 - 21:57
  • А1 Македонија со нова припејд понуда: повеќе интернет и поголем избор за корисниците

    Thu, 11/19/2026 - 20:02
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.