• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Меланија Трамп во бел костум од Долче и Габана одликувана со висок украински орден

6 ноември 2026, 13:57
  • cподели

Меланија Трамп го доби високото украинско државно одликување „Орден на принцезата Олга“ од прв степен од украинскиот претседател Володимир Зеленски.

На посебната средба во Белата куќа со претставници на Украина и Русија, Првата дама на САД се појави во елегантен бел костум од модната куќа Долче и Габана, кој веќе го има носено во неколку наврати. Својот стајлинг, таа го надополни со салонки од Маноло Бланик.

Но, на средбата во Вашингтон, модата беше во втор план, а на прв беше нејзиниот придонес во хуманитарната мисија поврзана со Олешки, град во кој со нејзино посредување, беше договорено локално примирје за да се овозможи евакуација на цивили.

Одликувањето во Белата куќа ѝ го врачија украинските претставници Давид Арахамија и Дмитро Лубинец, кои ѝ се заблагодарија за храброста и ангажманот во спасувањето на украински граѓани и враќањето на украинските деца дома.

„Го избравме човештвото наместо војната“ – порача Меланија, изразувајќи надеж дека примерот од Олешки ќе поттикне нови напори за мир и хуманитарна соработка.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Office of the First Lady (@firstladyoffice)

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Leonardo Feldman (@leonardofeldman)

На Instagram, убавата Словенка сподели фотографија и напиша:

„Длабоко сум почестена што го примив Орденот на принцезата Олга од прв степен од претседателот Зеленски.

Нашите напори за постигнување примирје во Олешки, со кое помогнавме да бидат спасени речиси 800 луѓе, како и повторното обединување на 34 деца со нивните семејства, покажуваат дека заедничката мисија може да направи значајна разлика во животите на луѓето.“

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by First Lady Melania Trump (@flotus)

Tags
Меланија Трамп

Најнови

  • „Виена во Битола“ по 13-ти пат – Оркестар DIVA го најавува новогодишниот концерт на 23 декември

    Fri, 11/06/2026 - 14:30
  • Општествената одговорност во срцето на Lush: британскиот бренд за свежа, рачно изработена козметика ја отвори својата трета продавница во Македонија

    Fri, 11/06/2026 - 14:01
  • Меланија Трамп во бел костум од Долче и Габана одликувана со висок украински орден

    Fri, 11/06/2026 - 13:57
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.