• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Европски успех: Кики Мукаетова меѓу финалистките за Aspiring Teen Award на Women in Tech Europe Awards

6 ноември 2026, 15:42
  • cподели
Кики Мукаетова

Кики Мукаетова ќе ја претставува Македонија на европската сцена како една од шесте финалистки за Aspiring Teen Award во рамките на Women in Tech Europe Awards 2026.

Наградите, чие свечено доделување ќе се одржи на 20 ноември во Париз, ги препознаваат и афирмираат достигнувањата на жените во технологијата и сродните области на европско ниво.

Women in Tech

Исполнета со гордост и благодарност, Кики сподели:

Искрена благодарност до Women in Tech Org за ова значајно признание и за можноста да бидам меѓу шесте финалистки за наградата Aspiring Teen Award на Women in Tech Europe Awards 2026, заедно со пет исклучителни девојки кои веќе оставаат свој белег во светот!

Бескрајно сум благодарна за оваа можност, за луѓето кои ме придружуваат на мојот пат и за сè што допрва претстои. 

По вторпат ја добивам можноста да ја претставувам Македонија на голема европска сцена. Чест што ми значи многу и гордост што тешко се опишува со зборови! Првиот пат како артист, а сега како тинејџер кој ја користи технологијата за да поттикнува позитивни промени, да отвора нови можности, да ги охрабрува другите и да ги инспирира генерациите што доаѓаат да сонуваат похрабро.

Во овој посебен момент, не можам да не ја споменам мојата прекрасна публика. Секоја искрена порака, секој збор на охрабрување и секоја реакција на приказните и идеите што ги споделувам преку медиумите и на моите канали, ме потсетуваат зошто го правам она што го работам. Ве сакам! 

Пред пет месеци, младата дама која стои зад проектот „Низ град со Кики“ доби награда на свечениот настан на Women in Tech Macedonia, одржан под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Токму тоа признание ѝ отвори можност да стане повидлива со својата приказна и пред меѓународна публика.

Кики Мукаетова и Гордана Сиљановска-Давкова
Кики Мукаетова

Наградата Aspiring Teen Award е посветена на девојки и млади жени на возраст од 13 до 21 година кои преку своите идеи, иницијативи, знаења и активности покажуваат потенцијал да придонесат кон развојот на технологијата, иновациите и поголемата застапеност на жените во STEM-областите (наука, технологија, инженерство и математика). Признанието има цел да ги истакне младите таленти кои уште во раната фаза од својот личен и професионален развој покажуваат иницијативност, лидерски способности и подготвеност да инспирираат нови генерации. 

Покрај Кики од Македонија, која е претставена како телевизиска водителка, меѓу шесте финалистки се и Ајсел Будла од Албанија, основачка на PulsePal; Ема Никол Георге од Романија, раководителка за социјални медиуми и односи со јавноста на AIIS Conference; Карла Монте Сихуро од Шпанија, студентка истражувач во Computer Vision Center; Ајше Ела Ерол од Турција, основачка и главна уредничка на MindScope Publication; и Селма Атар од Франција, практикантка во меѓународната компанија L’Oréal.

Победничката во категоријата Aspiring Teen Award ќе обезбеди пласман во финалето на глобалните награди Women in Tech Global Award. 

Организатор на настанот е Women in Tech Global, меѓународна организација основана во 2018 година во Париз од Ајуми Мур Аоки (Ayumi Moore Aoki), со мисија да ја намали родовата нееднаквост во технолошката индустрија и да создаде поголеми можности за девојките и жените во науката, технологијата и дигиталната економија. Организацијата развива глобална мрежа со присуство во повеќе од 65 земји и 74 локални ограноци, преку активности насочени кон образование, претприемништво, дигитална инклузија, менторство и застапување за еднакви можности. Нејзината долгорочна цел е да придонесе кон зајакнување на капацитетите и можностите на пет милиони жени и девојки во STEM-областите до 2030 година.

Македонскиот огранок на Women in Tech Global е основан во 2019 година, а е предводен од Моника Ризовска. 

Tags
Кики Мукаетова
Women in Tech Macedonia

Најнови

  • Кики Мукаетова

    Европски успех: Кики Мукаетова меѓу финалистките за Aspiring Teen Award на Women in Tech Europe Awards

    Fri, 11/06/2026 - 15:42
  • Фондацијата „Трајче Мукаетов“ го објави конкурсот за стипендирање

    Fri, 11/06/2026 - 15:25
  • „Виена во Битола“ по 13-ти пат – Оркестар DIVA го најавува новогодишниот концерт на 23 декември

    Fri, 11/06/2026 - 14:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.