Форбс ја прогласи Лејди Гага за музичарка со најголема заработка за изминатава година. Зад неа се најдоа Тејлор Свифт и Кети Пери. Дознајте кои се десетте музичарки со најголема заработувачка за 2011.
Познатиот американски комичар и телевизиски водител Џими Кимел испрати барање до родителите да им дадат на своите деца непосакувани подароци за Божиќ, да ги снимат нивните реакции и да ги објават на YouTube. Видеото со највпечатливите реакции на децата веднаш стана огромен хит. Погледнете го тука.
Понекогаш победата воопшто не е важна. Таков е случајот со 11-годишната Вакана Уеда, која и покрај тоа што е слепа, успеа да го заврши маратонот во Хонолулу. Прочитајте повеќе.
Кели Кларксон објави флеш моб спот за песната „Stronger (What Doesn't Kill You)“. Видеото е микс од различни снимки испратени од нејзини обожаватели. Погледнете го тука.
Легендарната колекција накит на незаборавната Елизабет Тејлор беше продадена на аукција за рекордни 116 милиони долари. 80 парчиња накит со скапоцени камења постигнаа светски рекорд за најскапа приватна колекција накит. Погледнете дел од нив.
Ве очекува голем настан на којшто сакате да блеснете? Заборавете на идејата дека ви е потребно волшебно стапче за да изгледате максимално привлечно. Прочитајте неколку практични совети кои ќе ви овозможат да изгледате послаби уште вечерва.
Ријана е најпопуларната музичка ѕвезда на Facebook. Нејзината фан-страна е прогласена за страна на музичар со најголем раст на обожаватели, а нејзиниот хит „We Found Love“ е на чело на листата на најслушани песни. Дознајте кои се десетте најслушани песни на Facebook за изминатава година.
Холандкиот бренд „Hema“ го избра Андреј Пејиќ за да ги рекламира нивните женски Mega Push-Up градници. Ова веројатно е првпат на ваков начин маж да учествува во реклама за женска долна облека.
За различни расположенија и makeup комбинации, dm марката trend !t up ја нуди N°1 Express Volumen Mascara во сина, кафеава и црна боја, како и во водоотпорна црна варијанта.