Ненад Димитријевиќ сподели преубава вест. Неговото семејство се прошири со уште еден член.
Македонскиот кошаркар и репрезентативец го доби второто дете со убавата сопруга Елена. Во описот, тој откри дека бебенцето е женско.
„Семејството доби принцеза“ – стои на фотографијата со рачето на новороденчето.
Ненад и Елена веќе го имаат синот Матео, кој се роди во ноември 2022 година. Парот стапи во брак во летото истата година.

Нено оваа кошаркарска сезона го носи дресот на солунски Арис, кој му даде и зелено светло тој да биде на располагање на македонската репрезентација.