Бакнеж за среќа: Гоца Тржан се бакна со сопругот пред концертот, тој ја соблече маицата на сцената и го покажа телото
Гоца Тржан синоќа одржа концерт во Сава Центарот во Белград.
На распродаеното музичко шоу, 52-годишната пејачка изведуваше свои хитови и настапи со неколку свои колеги.
Пред да застане на сцената, таа доби бакнеж за среќа од сопругот Раша Новаковиќ.
Раша настапи со Гоца на сцената. Тој ја придружуваше на тапани, а во еден момент ја соблече маицата. Популарната музичарка се пошегува и му рече: „Стани да видат дека имаш стомаче, колку убаво те здебелив“.
Тржан на сцената промени три креации.
Парот стапи во брак на 20 септември 2015 година. Нивната врска со години привлекуваше големо внимание поради разликата во години. Гоца е 14 години постара од Раша.