Гламур на црвениот тепих: Тамара Тодевска, Катарина Ивановска и Ана Стојановска блеснаа на отворањето на Скопје филм фестивал
Со свечена церемонија во Македонскиот народен театар (МНТ), синоќа беше отворено новото издание на Скопје филм фестивал.
На настанот блеснаа бројни познати имиња од македонската јавна сцена, меѓу кои пејачката Тамара Тодевска, манекенката Катарина Ивановска и актерката Ана Стојановска.
Тамара за оваа свечена прилика избра софистицирана црно-бела креација, впечатливо заокружена со елегантни долги црни ракавици. Катарина го привлече вниманието со смел и сексапилен црн фустан со длабоко деколте и разголен грб, додека Ана се одлучи за елегантен и современ целосно црн стајлинг во комбинација од панталони и долг мантил.
Овогодишното, 26. издание на Скопје филм фестивал ќе трае до 9 ноември.
Фотографии: Тамара Тодевска, Катарина Ивановска, Ана Стојановска / Instagram