Тамара Тодевска ја објави „Дива“, која е третиот сингл од новиот визуелен албум „Кукла жива“. Станува збор за брза, динамична и летна песна, која носи енергија, став и порака за слобода, самодоверба и женска сила.
Со голем концерт во арената „Борис Трајковски“ на 3 октомври 2026 година, Тамара Тодевска ќе одбележи 25 години музичка кариера, но и ќе најави нова ера со албумот „Кукла жива“.