Тамара Тодевска на оригинален и забавен начин го најави претстојниот концерт во Скопје, а во главната улога во нејзиното ново видео се најде и хуманоиден робот по име Нео.
Во интересниот разговор, Тамара го прашува Нео дали знае кој е настанот на годината. По кратко пребарување, роботот го открива одговорот и вели: „концертот на Тамара Тодевска“. Со ова музичко шоу 41-годишната пејачка ќе прослави 25 години љубов со музиката и публиката.
Потоа, Нео ја прашува што е љубов, а Тамара му вели: „Љубов е кога илјадници луѓе пеат твои песни заедно во еден глас.“
Нео веднаш одлучува дека и тој мора да присуствува на концертот, а кога ќе дојде моментот за купување билети, робот изненадува со уште еден симпатичен одговор: купив два билета, бидејќи „сè уште барам љубов“.
Карти за концертот на Тамара може да се набават на следниот линк: https://www.karti.com.mk/tamara-todevska-25-godini-ljubov.nspx