Ова е вереницата на Војаж која му роди дете: Убавата манекенка ја криеше бременоста од јавноста
Михајло Верувиќ, познат како Војаж, стана татко, а веста дека добил дете со својата вереница ги изненади обожавателите.
Додека јавноста со години ги следи музичките успеси и љубовните врски на српскиот рапер, тој успеа да го зачува најинтимниот дел од животот далеку од љубопитните погледи.
Според информациите на српските медиуми, неговата избраничка се породила пред околу една недела, а станува збор за манекенката Кристина Станков. Интересно е што речиси никој не знаел дека парот очекува принова, бидејќи бременоста ја чувале во строга тајност.
Иако поради својата професија е дел од јавниот свет, Кристина не сака да го изложува приватниот живот. Нејзините профили на Instagram и TikTok се заклучени, па малку детали од нејзиното секојдневие се достапни за јавноста.
Кристина и Војаж биле снимени заедно во Земун кон крајот на октомври минатата година. Во нивно друштво била и неговата мајка.
Кристина пред околу една година се појави и во музичкиот спот за песната „No No No“ на Борислав Фил.
Иако Војаж нема зборувано јавно дека очекува дете, неговите претходни изјави откриваат дека семејството отсекогаш било важен дел од неговите животни планови.
Одговарајќи на прашања од своите следбеници, Војаж открил дека една од неговите најголеми желби е да стане млад татко и да има близок однос со своите деца.
„Да бидам млад татко и да го имам најдобриот однос со децата на светот. Функционално семејство“ – истакнал раперот.
Пред Кристина, Војаж имаше неколку љубовни врски за кои пишуваа регионалните медиуми. Најголемо внимание привлече неговата романса со пејачката Анѓела Игњатовиќ Бресквица. Тие беа заедно од 2019 до јануари 2021 година и важеа за еден од најпопуларните млади парови на српската музичка сцена.