• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Војаж стана татко: Раперот го доби првото дете со свршеницата која ја крие од јавноста

2 ноември 2026, 12:34
  • cподели

Српскиот рапер Михајло Верувиќ, познат како Војаж, се оствари во улогата на татко. Според ексклузивните сознанија на српскиот медиум „Блиц“, 25-годишниот музичар и неговата свршеница го добиле своето прво дете пред една недела.

Веста успеале да ја зачуваат од јавноста, а идентитетот на неговата избраничка и понатаму останува непознат. Војаж веќе извесен период не се појавува во јавноста, па информацијата за новата животна улога ги изненади неговите обожаватели.

Дополнително внимание привлече и неговиот профил на Instagram, на кој во моментов се избришани сите фотографии, а единствената објава е селфи-фотографија поврзана со победата на студентското движење на изборите во Србија пред една недела.

Војаж

На стори тој сподели фотографија на која носи масивен златен ланец со приврзок на кој се прикажани Богородица и Исус. Објавата ја придружи со стихови од својата песна „Interlude“:

„Dok je kući srećna mama,
možda to se zove karma,
kad je trpeza od zlata“.

Војаж

Интересно е што раперот претходно отворено зборувал за своите желби кога станува збор за семејството. Во една прилика на социјалните мрежи, открил дека една од најважните животни цели му е да стане млад татко и да изгради функционално семејство.

„Сакам да бидам млад татко и да имам најдобар можен однос со своите деца. Функционално семејство.“ - напишал тој.

Инаку, јавноста претходно го поврзуваше со пејачката Анџела Игњатовиќ, позната како Бресквица, со која беше во врска, а по нивното раскинување имаше и подолга љубовна врска со друга девојка.

Tags
Војаж

Најнови

  • „Можеби јас сум неговите раце и нозе, но тој ми е најголема сила“: Зорица од Струмица истрча 5 км со синот со церебрална парализа

    Mon, 11/02/2026 - 12:39
  • Војаж стана татко: Раперот го доби првото дете со свршеницата која ја крие од јавноста

    Mon, 11/02/2026 - 12:34
  • „Сиромаштијата не е костим“: Милионерката Марта Стјуарт се маскираше во бездомник, наиде на гнев и критики

    Mon, 11/02/2026 - 11:36
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.