• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Можеби јас сум неговите раце и нозе, но тој ми е најголема сила“: Зорица од Струмица истрча 5 км со синот со церебрална парализа

2 ноември 2026, 12:39
  • cподели

Мајка од Струмица истрча трка од 5 километри, туркајќи го во количка синчето со церебрална парализа.

Зорица Трајков со синот Ѓорѓи беа дел од 5-тото издание на спортскиот настан „Струмица на улица – Sunday Run“.

Иако трчаше туркајќи ја тешката количка пред себе, Зорица вели дека немала никакви проблеми, бидејќи веќе е навикната на такви активности со 10-годишниот син.

„Ѓорѓи не е потежок од дваесетина кила, и количката е тешка железна, можеби десетина. Не е специјална за трки, па треба да пазиш цело време на нозете. Како и да е, сѐ на сѐ, немаше никакви проблеми...“ – раскажа 41-годишната струмичанка за Фемина.

Зорица ја сподели нивната особено емотивна и интересна приказна за трчањето со Ѓорѓи.

„Како сѐ започна... Ѓорѓи беше доста помал кога забележав колку го радува тоа што трчам со него во количка... нешто кое патем го открив сосема случајно, додека во одредена ситуација притрчавме малку за да не задоцниме некаде. Но, и покрај тоа што сѐ уште немавме некоја поголема комуникација или можеби не го читав толку добро како сега, сепак ја препознав таа љубов и радост за време на трчањето или можеби тој ја почувствувал некаде таму длабоко во мене“ – се присети Трајков, која е мајка и на 7-годишниот Кристијан.

Иако во последно време немала континуитет во физичката активност поради бројните семејни обврски со сопругот и синовите, таа е свесна колку е важно да се грижи и за сопственото здравје и физичка подготвеност.

„Знаете кога имате дете кое 24/7 зависи целосно од вас, вие немате време да помислите на самата себеси, а камоли пак на нешто повеќе, за кое мислам дека сепак треба да се промени... секогаш постои начин да се најде време за било каква физичка активност, која мене и тоа како ми е потребна заради поголемо зајакнување на моето тело кое крева дете по неколку пати на ден, цело време, по скали нагоре-надолу“ – сподели мајката, која поради состојбата на поголемиот син веќе 10 години е невработена.

Дождливото време не ја премислило да се откаже од трката. Напротив, знаела дека Ѓорѓи со нетрпение го очекува настанот и дека неговата радост е доволна причина да продолжат.

„И покрај дождливото време вчера, јас во ниеден момент не се поколебав да го оставам него позади мене затоа што тој веќе знаеше дека има трка и најмалку би сакала да го разочарам, бидејќи тој не заборава ништо, никогаш. Но и поради тоа како што напишав претходно: ‘Можеби јас сум неговите раце и нозе, но дефинитивно тој е мојата најголема сила’.

Го заштитивме убаво, тој само ја стави неговата, за нас, скапоцена насмевка, онаа која мене ме води и крепи за да можам да направам сѐ за него, сѐ само тој да биде среќен... и тргнавме. Понатаму низ трката следуваа бодрења, кратки поздрави и разговори и пофалби упатени кон двајцата, но особено кон него беа оние најмногу го радуваа, оние извици кои гласеа ‘Браво Ѓорѓи’, од сите познаници. На неговата смеа на цел глас, не остана рамнодушен никој, па така 5 километри нам ни се чинеа како реално помалку“ – открива Зорица.

За неа, оваа нова заедничка авантура, испраќа многу голема порака, но и потсетува дека понекогаш најголемата сила која ни е потребна за да продолжиме напред доаѓа токму од луѓето за кои го правиме тоа.

„Јас сметам дека најважно од сѐ е да ги усреќиме нашите деца на било кој можен начин, секако на оној кој и нив ги исполнува, да им пружиме да ги доживеат енергијата и еуфоријата кои ги носат ваквите настани и покрај нивните ограничени можности. Тој беше пресреќен, цело време си ги вадеше рацете на дождот“ – сподели Зорица.

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Tags
Зорица Трајков
„Струмица на улица – Sunday Run“

Најнови

  • Џенифер Лопез, Селин Дион, Џорџина Родригез... Маските на славните за Халовин 2026

    Mon, 11/02/2026 - 12:44
  • „Можеби јас сум неговите раце и нозе, но тој ми е најголема сила“: Зорица од Струмица истрча 5 км со синот со церебрална парализа

    Mon, 11/02/2026 - 12:39
  • Војаж стана татко: Раперот го доби првото дете со свршеницата која ја крие од јавноста

    Mon, 11/02/2026 - 12:34
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.