• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Нека твојата чиста душа најде вечен мир и спокој“: Сопругата на пејачот Маријан Стојаноски скршена по загубата на 5-годишното синче

2 ноември 2026, 21:41
  • cподели

Кога еден родител ќе изгуби дете, како да губи дел од себе, а болката остава празнина која никогаш не може целосно да се исполни.

Сопругата на пејачот Маријан Стојаноски, Наташа, сподели емотивна посвета неполни 40 дена по прераното заминување на нивниот петгодишен син Петар.

Нејзините зборови се исполнети со неизмерна тага, безгранична љубов и копнеж по нивното мало ангелче, чиј спомен засекогаш ќе живее во нивните срца.

„Петар, ангелу наш мил, се ближат 40 дена откако ти се пресели на едно подобро место, а нас ни го остави најтешкиот товар – да учиме да живееме без тебе. Велат дека времето лекува сè, но овие 40 дена ни покажаа дека болката и празнината само стануваат подлабоки. Ти беше и засекогаш ќе останеш нашата најголема гордост и светлина. Иако физички веќе не си со нас, твојот спомен го чуваме во секој агол од нашиот дом, во секоја молитва и во секоја солза. Нека твојата чиста душа најде вечен мир и спокој. Те сакаме бесконечно и ќе те сакаме додека дишеме“ - стои во објавата.

Пред неколку дена, македонскиот пејач сподели фотографија од синчето со пораката:

„Каде си чедо татино. Сине мој, тато ама премногу те сака.“

Малиот Петар почина ненадејно на 27 септември.

Маријан и Наташа имаат и две ќерки.

Tags
Маријан Стојаноски

Најнови

  • Марија како ангел на Victoria’s Secret: Убавата ќерка на Дарко и Маја Панчеви со заводлива маска за Халовин

    Mon, 11/02/2026 - 23:00
  • „Нека твојата чиста душа најде вечен мир и спокој“: Сопругата на пејачот Маријан Стојаноски скршена по загубата на 5-годишното синче

    Mon, 11/02/2026 - 21:41
  • Јана Бурческа и Даниела Јовановиќ на „Макфест“

    Стилски тандем: Јана Бурческа и Даниела Јовановиќ впечатливи на „Макфест“

    Mon, 11/02/2026 - 21:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.