Јана Бурческа и Даниела Јовановиќ ја пренесуваа фестивалската атмосфера од „Макфест“ за Македонската радио-телевизија, а со своите модни избори привлекуваа погледи и пред фотографските објективи.
Пред почетокот на двете фестивалски вечери, тие позираа на црвениот тепих во Штип, каде што разговараа со гостите и учесниците на музичката манифестација.
За отворањето, Јана избра сина креација од брендот Zanov со впечатлив сјај, нагласена јака и ремени со метални токи на половината. Изгледот го комплетираше со црни салонки со шпиц и шминка со акцент на очите.
Даниела за првата вечер носеше долг светкав фустан со длабоко деколте и истакнати црни рабови од Кокев кој го надополни со долги црни ракавици.
На финалната вечер, Јана се појави во портокалов корсетиран фустан. Долгите црни ракавици и црните чевли внесоа контраст во комбинацијата.
Даниела зачекори на црвениот тепих во темносин долг фустан со длабоко деколте и бел страничен панел со впечатлив волумен. Ѓерданот со повеќе низи бисери го дополни елегантниот изглед.
Фото: Тоши Трајчев, Дејан Коцев / Femina.mk