„Човече, иста е!“: Северина одржа концерт маскирана како Лара Крофт, фановите ја споредија со Анџелина Џоли
Северина се трансформираше во Лара Крофт на Ноќта на вештерките.
54-годишната хрватска пејачка одржа концерт во словенечкиот Подчетртек, а сценското издание ѝ беше инспирирано од препознатливиот изглед на акциската хероина од „Tomb Raider“.
Северина се појави во впечатлив црн костим, со долга плетенка, високи чизми и реквизити во форма на пиштоли, а на социјалните мрежи напиша:
„Синоќа во Подчетртек (за Халовин) бевме малку Лара Кро...фт“.
Нејзината „маска“ предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Многумина ја споредија со Анџелина Џоли, која ја играше Крофт во филмовите „Lara Croft: Tomb Raider“ и „Lara Croft: Tomb Raider – The Cradle of Life“.
„На прва помислив дека е Анџелина“, „Анџелина Џоли го напушти разговорот“, „Човече, иста!“, „Поубава и од Лара Крофт“, „Леле, каква кралица!“, „Како девојка од 25 години“ – се дел од реакциите под објавата.