• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„За мојот Ристо, за нашата надеж, за нашиот живот“: Емотивен апел на сопругата на 33-годишниот битолчанец болен од рак

2 ноември 2026, 13:49
  • cподели

Една мала донација за некого значи сè.

Мартина, сопругата на 33-годишниот Ристо Гроздановски од Битола, упати емотивен апел до сите хумани луѓе, надевајќи се дека нивната приказна ќе допре до срцата на оние кои можат да помогнат. Ристо се соочува со тешка битка со рак на дебелото црево со метастази на црниот дроб и коските, а наскоро треба да го продолжи лекувањето во Турција.

„Пред нас е уште една тешка битка, битка во која не се бориме само со болеста, туку се бориме за живот, за љубов, за нашите деца и за сите наши заеднички денови што сакаме да ги доживееме“ - пишува Мартина.

„Секоја донација, без разлика колку е мала, за нас значи многу. А доколку не сте во можност да донирате, ве молиме споделете ја оваа објава. Можеби токму преку вас ќе стигнеме до некој што ќе може да ни помогне“ - апелира таа.

Да му помогнеме на Ристо да ја продолжи својата битка.

Линк за донации преку платформата Ecrowd.mk

Нејзиниот апел ви го пренесуваме во целост:

❤️‍🩹 ЗА МОЈОТ РИСТО, ЗА НАШАТА НАДЕЖ, ЗА НАШИОТ ЖИВОТ! ❤️‍🩹

Пред нас е уште една тешка битка, битка во која не се бориме само со болеста, туку се бориме за живот, за љубов, за нашите деца и за сите наши заеднички денови што сакаме да ги доживееме. 🙏❤️

Ристо наскоро ќе го продолжи лекувањето во Турција. Сакаме да ја искористиме секоја можност, секоја надеж и секоја шанса што ќе ни се даде. Но, за овој пат ни е потребна и вашата помош.

Затоа, од срце ве молиме за поддршка. Секоја донација, без разлика колку е мала, за нас значи многу. А доколку не сте во можност да донирате, ве молиме споделете ја оваа објава. Можеби токму преку вас ќе стигнеме до некој што ќе може да ни помогне. 🙏

Зад оваа објава стои една жена која се моли за својот сопруг, две деца кои го сакаат својот татко и едно семејство кое сонува повторно да живее без страв од утрешниот ден. 💔

Ристо не е само име во медицински извештај. Тој е сопруг, татко, син, брат и човек кој заслужува да ја добие секоја можна шанса за живот. ❤️

Најнови

  • „Човече, иста е!“: Северина одржа концерт маскирана како Лара Крофт, фановите ја споредија со Анџелина Џоли

    Mon, 11/02/2026 - 14:50
  • Џенифер Лопез, Селин Дион, Џорџина Родригез... Маските на славните за Халовин 2026

    Mon, 11/02/2026 - 14:00
  • „За мојот Ристо, за нашата надеж, за нашиот живот“: Емотивен апел на сопругата на 33-годишниот битолчанец болен од рак

    Mon, 11/02/2026 - 13:49
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.