Апел за помош на 33-годишниот Ристо од Битола кој боледува од рак и се бори да остане покрај двете малолетни деца
На само 33 години, Ристо Гроздановски од Битола се соочува со најтешката животна битка. Сопругот и татко на две малолетни деца боледува од рак на дебелото црево со метастази на црниот дроб и коските, а по лекувањето во Македонија, надеж за продолжување на терапијата се појавува во Турција. Но, за да ја добие таа шанса, потребна му е нашата помош.
Преку апел објавен на платформата за донации ecrowd.mk, се повикуваат сите хумани луѓе да му помогнат на Ристо да го продолжи лекувањето и да добие можност за уште многу моменти покрај своите деца.
„За Ристо, ова е борба за уште едно утро со неговите деца, за нивните насмевки, за сите родендени, прегратки и заеднички моменти што допрва треба да ги доживеат“ – пишуваат од Ecrowd.
„Рикица, знам дека сето ова е еден лош сон и дека ќе помине... Те сакаме многу. ❤️“ - пишува неговата сопруга Мартина.
Апелот ви го пренесуваме во целост:
Ристо Гроздановски има само 33 години. Тој е сопруг и татко на две малолетни деца, за кои неговото присуство, љубов и прегратка значат цел свет.
Веќе една година Ристо води тешка битка со рак на дебелото црево, кој се проширил на црниот дроб и коските. И покрај досегашното лекување, болеста продолжува да напредува, а достапните можности за терапија во Македонија се исцрпени.
Но, Ристо не се откажува.
Нова надеж за продолжување на неговото лекување се појавува во Турција, каде што лекарите гледаат можност за понатамошен третман.
За Ристо, ова не е само борба со тешка болест. Ова е борба за уште едно утро со неговите деца, за нивните насмевки, за сите родендени, прегратки и заеднички моменти што допрва треба да ги доживеат.
За жал, лекувањето во Турција бара финансиски средства кои семејството не може самостојно да ги обезбеди.
Затоа упатуваме искрен апел до сите хумани луѓе да помогнат.
Да не дозволиме недостигот на средства да ја одземе можноста Ристо да го продолжи своето лекување.
🙏 Донирајте, секој во рамки на своите можности. Споделете ја кампањата и помогнете неговата приказна да допре до што повеќе луѓе.
Ристо има 33 години, две деца кои го сакаат и многу причини да продолжи да се бори.
Да му помогнеме да добие шанса за нови заеднички моменти со своето семејство.
Твојата донација менува живот. 💙