Јана Бурческа и Даниела Јовановиќ ја пренесуваа фестивалската атмосфера од „Макфест“ за Македонската радио-телевизија, а со своите модни избори привлекуваа погледи и пред фотографските објективи.
Тамара Грујеска запиша ново поглавје во својата музичка кариера со првото учество на „Макфест“. Младата пејачка ја претстави песната „До небо“ на 41-вото издание на фестивалот во Штип, а дебитантскиот настап ѝ донесе и место во финалната вечер.
Раде Врчаковски-Врчак се врати на фестивалската сцена на „Макфест“ по повеќегодишна пауза, а на манифестацијата во Штип му се придружи Симона Поповска. Погледнете го нивниот настап.
Викторија Лоба остави силен впечаток на „Макфест 2026“. Популарната пејачка ја изведе баладата „Феникс“ на втората и финална фестивалска вечер во Штип, во креација од македонската дизајнерка Коцарева.
Црвениот тепих на 41-вото издание на „Макфест“ ги привлече изведувачите, водителите и гостите, кои со разновидни стајлинзи му дадоа свој печат на настанот. Погледнете ги стајлинзите.