„Кога те нема“, „Сонце за три светови“, „Жена“… Настапот на Антониа Гиговска на „Макфест“ кој ја восхити публиката (ВИДЕО)
Познати мелодии, нови нијанси на емоции и глас кој заслужува да се слушне. Настапот на Антониа Гиговска од ревијалниот дел на првата вечер на „Макфест“ сега е достапен на YouTube.
Во придружба на пијано, пејачката им вдахна своја емоција на „Кога те нема“ од Хелена Благане, „Сонце за три светови“ од Мики Јовановски-Џафер, „Свирете ја ’Зајди, зајди’“ од Олгица Христовска и „Осамен“ од Трајче Манев.
Музичкото патување низ фестивалските спомени ја вклучи и „Никогаш не вели никогаш“, песната со која Антониа победи на „Макфест“ во 2018 година, а репертоарот го дополни со баладата „Жена“.
Пуштете го видеото и уживајте во изведбите кои предизвикаа коментари како „Вонсериска“ и „Настап за историја и преслушување“: