Гламурозна и драматична: Викторија Лоба во креација со црно-златни пердуви настапи со баладата „Феникс“ на „Макфест“
Викторија Лоба остави силен впечаток на „Макфест 2026“. Популарната пејачка ја изведе баладата „Феникс“ на втората и финална фестивалска вечер во Штип, во креација од македонската дизајнерка Коцарева.
Гламурозниот изглед доби доза драматичност со корсетниот горен дел украсен со црно-златни пердуви. Впечатливиот елемент асоцираше на митската птица феникс, надоврзувајќи се на насловот на песната со која Лоба се претстави пред фестивалската публика.
Финалната вечер на 41-вото издание на „Макфест“ се одржа на 31 октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“. На програмата, покрај Лоба, беа Огнен Здравковски, Врчак и Симона Поповска, Елвир Мекиќ, Јован Јованов и Тони Зен, Ристо Самарџиев, Агни Авшар, Наташа Малинкова, Теа Трајковска, Давид Темелков, Марија Спасовска и Марија Данева.
Фото: Дејан Коцев / Femina.mk