Со свечено отворање во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, започна најновото издание на „Макфест“. Фестивалот со повеќедецениска традиција ги обедини музиката и модата во вечер посветена на новите таленти.
Црвениот тепих на 41-вото издание ги привлече изведувачите, водителите и гостите, кои со разновидни стајлинзи му дадоа свој печат на настанот. Различните пристапи кон свеченото облекување понудија шаренолика модна слика, во која секој остана верен на сопствениот вкус.
Годинава фестивалот се одржува на 30 и 31 октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Првата вечер им беше посветена на дебитантите, а меѓу новите песни и настапите на познатите музички имиња, фотографиите од црвениот тепих ја доловуваат и модната страна на манифестацијата.
Погледнете ги стајлинзите:
Фото: Тоши Трајчев, Дејан Коцев / Femina.mk