Адријана Лима со години е константа во кампањите на Victoria’s Secret.
Како ангел со најдолг стаж, 45-годишната манекенка е дел и од најновата зимска кампања на популарниот бренд за долна облека.
Сексапилната Бразилка позираше во розови, црни и црвени модели од зимската колекција на VS.
Дел од кампањата се и Кендис Сванапул, Анок Јаи, Палома Елсесер и Алекс Консани.