• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Се запозна со Дејвид Бекам, излезе на теренот со Меси: Детенце со Даунов синдром беше главната ѕвезда во Интер Мајами

3 ноември 2026, 09:55
  • cподели

Слатко детенце со Даунов синдром, кое обожава фудбал, на покана на Дејвид Бекам присуствуваше на натпревар на клубот Интер Мајами и се запозна со него.

Малиот Хадсон, кој има над милион следбеници на Instagram, се сретна со фудбалската легенда пред почетокот на натпреварот во соблекувалната на неговиот омилен тим. Тоа дури му подари и дрес со негов сладок автограм.

„Немам зборови. Само солзи во очите. 🥹🥹🥹

Да гледам како Хади лично се запознава со г-дин Дејвид беше остварување на сите мои соништа, па дури и повеќе од тоа.

На почетокот беше малку срамежлив, но брзо се опушти по едно „Дај пет“ и една прегратка, а потоа станаа најдобри другари.

Бескрајно сум благодарна на Дејвид Бекам и неговиот тим што овозможија сето ова да се случи. ❤️❤️❤️“ – напиша мајката на детенцето на Instagram.

На споделеното видео се гледа како поранешниот фудбалер со искрена насмевка се обидува да му угоди на Хадсон, му покажува каде стои дресот на Меси, а му дава да ја проба и капитенската трака.

„Вечерва беше вечер за паметење за сите нас во Мајами. Ни дојде на гости еден многу посебен гостин, со најголемата насмевка и најтоплото срце. 🩷

Голема благодарност до мајката, таткото и браќата на Хади што ги споделија овие посебни моменти со нас. 🩷 Г-дин Дејвид беше пресреќен ❤️“ – напиша Бекам на социјалните мрежи.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Melanie Droubay | Huddy’s mom (@ourhuddybuddy)

5-годишниот Хади излезе на фудбалскиот терен држејќи се за рака со Меси, а неговата насмевка и возбуда ја исполнија публиката со посебна среќа.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Inter Miami CF (@intermiamicf)

„Успеавме! ⚽️❤️

Натпреварот сè уште не е ни започнат, а веќе немам зборови со кои би опишала колку прекрасно поминува нашата посета.

Г-дин Дејвид е еден од највнимателните и најискрените луѓе кои некогаш сум ги запознала.❤️❤️❤️“ – напиша мајката Мелани пред натпреварот.

Оваа специјално организирана посета доаѓа по специјално писмо напишано за Хади, од фудбалската ѕвезда, кој е и сопственик на клубот Интер Мајами.

„Здраво Хади, секој пат кога ќе ја видам твојата насмевка, ми се осветлува денот. Би сакал да те поканам тебе и твоите родители во Miami Freedom Park да гледаме натпревар на Inter Miami.

Продолжи да го правиш светот подобро место за живеење. Со љубов, Дејвид Бекам“ - пишува Бекам, а додека мајката му го чита тоа на синот, тој не може да ја сокрие својата среќа и вели „Фала господине Дејвид, многу сум возбуден.“

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Melanie Droubay | Huddy’s mom (@ourhuddybuddy)

Хадсон е роден на 11 декември 2020 година во Јута, како најмало од петте деца во семејството. Тој има Даунов синдром и вродена срцева мана, поради која уште на 5-месечна возраст морал да биде подложен на операција на отворено срце.

Мајка му Мелани секојдневно споделува моменти од неговиот живот на социјалните мрежи, со цел да ја подигне свеста за Дауновиот синдром и да поттикне инклузија и прифаќање.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Melanie Droubay | Huddy’s mom (@ourhuddybuddy)

Tags
Дејвид Бекам
Лионел Меси
Мелани Друбеј
Хадсон Друбеј
Даунов синдром

Најнови

  • Се запозна со Дејвид Бекам, излезе на теренот со Меси: Детенце со Даунов синдром беше главната ѕвезда во Интер Мајами

    Tue, 11/03/2026 - 09:55
  • Снежен ангел: 45-годишната Адријана Лима сексапилна во зимската кампања на Victoria’s Secret

    Tue, 11/03/2026 - 09:55
  • Ова е вереницата на Војаж која му роди дете: Убавата манекенка ја криеше бременоста од јавноста

    Tue, 11/03/2026 - 08:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.