• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Тамара Тодевска се отвори за разводот, љубовта со Лука и идејата за втор брак: „Си го заслужив Лука да ми дојде во животот“

30 септември 2026, 11:39
  • cподели

Тамара Тодевска беше гостинка во најновата епизода од емисијата „Stars Show“ со Ивана Јанковска и Ем Вандера.

Во разговорот, македонската музичка дива зборуваше за најновиот албум „Кукла жива“, музиката, личните предизвици и периодот низ кој минува, а откри и детали од својот приватен живот.

Тамара зборуваше за партнерот Лука, но и за ставот кој го има кон бракот по личното искуство со разводот од Александар Димитровски – Мачка.

„Лука ми беше пред сè многу голема поддршка во последниов период. Ние сме веќе 3 и пол години заедно, во што последниве 3 и пол години сè и сешто ми се случи во животот. Тој беше тука со мене и ми ја даде најголемата поддршка којашто секоја жена би посакала да ја има од својот партнер во животот. Можеби на моменти ако го прашаш него ќе ти каже дека гледа многу повисоко за мене отколку јас самата. Знае да ме поттикне.“

„Еден ден ќе се разбудам и ќе кажам: ‘WOW колку сум јака човече, најјака сум’, утредента ќе станам ‘Леле идиоте еден, што направи, зошто го направи’ и тоа секојдневно некој го гледа од страна. Али знае секогаш во кој момент и што да ми каже и каква поддршка да ми даде и да ме посоветува и да ме ојача на момент, па и да ме спушти на момент. Фала му на Господ, секогаш си викам ‘си го заслужив Лука да ми дојде во животот’ и онака буквално сум среќна што го имам и не само јас, Хана и Дарен многу го сакаат. Навистина благодарна сум што ми се појави во животот и тоа во прав момент“ - изјави Тамара.

На прашањето дали би се впуштила во втор брак, Тамара одговори:

„Не никогаш! Зошто да ја направам пак истата грешка, не разбирам. Што е бракот? По мене бракот е еден лист хартија. Океј, ние сме потпишале, сме кажале ДА, тоа нема врска со реалноста. 

Ќе бидам погрешно сфатена, но имам право да го кажам тоа. Имам зад себе брак којшто не е успешен, што не мора да значи дека сите бракови се неуспешни. Меѓутоа јас кон бракот гледам како... институцијата за мене е соживотот и е комуникацијата, љубовта којашто си ја даваш секојдневно, проблемите кои ги живееш заедно со партнерот, поддршката којашто му ја даваш на партнерот... тоа сè ако е брак ОК, али за мене тоа сè е љубов.“

Тодевска призна и колку тешко е да се помине низ развод, особено кога се вклучени и деца.

„Разводот е за секоја жена којашто прошла низ развод мислам дека тоа е најтешкото нешто. После некој да ти умре којшто го сакаш, разводот е втора стапка на тешка работа којшто треба да се проживее.

Колку и да е тоа договорено од двете страни и да било со мирно, пак е стрес и е тажно да го поминуваш, особено кога имаш две мали деца“ - откри талентираната пејачка.

Во еден момент Ивана ја запраша Тамара: „Сега Лука да клекне пред тебе и да ти каже ‘Тамара сакам да му бидеш жена’, што ќе му кажеш?“

„Лука знае дека не смее да го направи тоа.

Зависи како ќе бидам расположена во тој момент, сигурно ќе му кажам ‘ДА’ познавајќи се себеси и тоа дај Боже да трае, но пак ќе кажам, љубовта и разбирачката и комуникацијата и поддршката е многу побитна од еден лист хартија пред тебе кој што го имаш“ – одговори таа.

Тамара се расплака кога беше запрашана да одговори која песна од новиот албум ја боли. 

„Многу, многу песни. Овој албум ми е најемотивниот албум“ – рече таа додека солзи навираа во нејзините очи. „Јас се извинувам, не го планирав ова“.

„Сите приказни се мои, сите песни биле дел од мојата душа, но овој албум, дали дека сум посвесна за себе, дали дека многу поминав во периодот којшто беше пред тоа сè.

Најверојатно сум повеќе свесна за сè, многу повеќе чувствувам за сите работи. Бев во грч еден период, многу долго. Што на приватен, што на професионален план, многу работи ми се случија. Бев во голем грч и кога ги слушав песните кои ги создававме, сфатив колку сум емотивно оштетена. Низ овие песни тоа буквално можеш да го видиш, не само да го слушнеш. И затоа го гледам како најемотивниот албум во мојот живот.“

Видео од целата емисија:

Tags
Тамара Тодевска
Лука Радовиќ

Најнови

  • Талентираната Ивана наслика прекрасна илустрација која ги пречекува патниците на охридскиот аеродром

    Wed, 09/30/2026 - 22:40
  • Тамара Тодевска се отвори за разводот, љубовта со Лука и идејата за втор брак: „Си го заслужив Лука да ми дојде во животот“

    Wed, 09/30/2026 - 11:39
  • Скопје Сити Мол

    Скопје Сити Мол слави 14 години со богата програма, креативни активности и огромни попусти

    Wed, 09/30/2026 - 10:13
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.