Ирена Спировска буквално блескаше на најновото издание на Фолк Фест Роса.
52-годишната водителка мамеше воздишки во гламурозна креација на сцената во Македонската опера и балет, а зад завесите, позираше со свои соработници и музичари.
Долгата маслинесто-златна вечерна тоалета е целосно украсена со светкави мониста и кристали, кои создаваат впечатлив ефект при движење. Фустанот се одликува со длабоко деколте, нагласен струк, скулптурални набори во пределот на колковите и висок шлиц кој дополнително ја истакнува витката силуета.
Впечатливиот фустан е дело на модната куќа Елена Лука.