• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска со остра реакција по скандалозната изјава на Петар Богојески

4 ноември 2026, 09:05
  • cподели

По неодамнешната телевизиска дебата во емисијата „Под лупа“ на телевизија Алфа, во која беа изнесени скандалозни ставови на Петар Богојески за улогата на жената и потребата од „машки надзор“, во јавноста не запираат острите реакции и осуди.

Меѓу јавните личности кои решија да проговорат и да го кренат својот глас против мизогинијата и говорот на омраза е Тамара Тодевска. Преку својата објава, таа упати силна порака дека медиумскиот простор не смее да се користи за промоција на понижувања и насилство врз жените.

Како жена и уметник, 41-годишната ѕвезда најостро го осуди она што беше кажано од Богојески, предупредувајќи дека последиците од ваквите зборови остануваат долго да се чувствуваат во општеството.

Пораката на Тамара ви ја пренесуваме во целост:

Говорот на омраза, а особено омразата кон жените, мора итно да престане во јавниот простор!

Давањето простор на вакви изјави во јавни дебати е спорно од повеќе причини.

Потрагата по прегледи и кликови не смее да биде поважна од одговорноста на говорниците и на медиумите. 

Со нормализирањето на ваквиот говор се создава атмосфера во која омразата, понижувањето и насилството врз жените стануваат сè поприфатливи.

Како жена и уметник, најостро го осудувам вчерашниот говор на омраза❗️

Она што вчера беше кажано во телевизиска емисија не завршува со нејзиното емитување. Последиците од таквите зборови се чувствуваат и денес, и утре, и по два месеца. Особено ако продолжиме да молчиме и ако никој не понесе одговорност.

За жал, пред извесно време и самата гостував на оваа телевизија, која има национална концесија. Емисијата никогаш не беше емитувана, а причината е дека за уредувачкиот тим не сум била доволно подобна, ниту доволно Македонка.

Молкот денеска само отвора простор за нови напади и дополнително ја храни омразата кон секоја една и секој еден од нас.

Убедена сум дека и многу мои машки другари и пријатели се згрозени од вчерашната комуникација.

Омразата не смее да биде нормалност. 

А молкот не смее да биде наш одговор.

Видео од изјавата на Богојески:

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Алфа Телевизија (@alfatelevizijamk)

Tags
Тамара Тодевска

Најнови

  • Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се откажа од презимето на татко ѝ: Таа е четвртото дете кое го направи овој чекор

    Wed, 11/04/2026 - 09:18
  • „Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска со остра реакција по скандалозната изјава на Петар Богојески

    Wed, 11/04/2026 - 09:05
  • „Под урнатините пронајдовме дедо кој ги гушкаше двете внуки, тоа е сцена која не избледнува“: Потресна исповед на волонтерка од Нови Сад

    Tue, 11/03/2026 - 23:29
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.