• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се откажа од презимето на татко ѝ: Таа е четвртото дете кое го направи овој чекор

4 ноември 2026, 09:18
  • cподели

Семејната драма на Анџелина Џоли и Бред Пит продолжува. 

Нивната 18-годишна ќерка Вивиен и официјално го отстрани презимето на татко ѝ, со што стана четвртото од шесте деца на поранешната холивудска двојка кое законски се откажа од презимето Пит.

Одлуката била одобрена во понеделникот, 2 ноември, на судско рочиште во Лос Анџелес. Според судските документи до кои дошле американските медиуми, Вивиен Маршелин Џоли-Пит отсега официјално ќе се вика Вивиен Маршелин Џоли.

Младата Вивиен поднела барање за промена на презимето уште во јули, денови по 18-тиот роденден, а во документите навела дека причините за оваа одлука се лични.

И претходно, таа го користеше само презимето на мајка си. Во мај 2024 година, Вивиен беше потпишана како Вивиен Џоли во програмата за бродвејската претстава „The Outsiders“, на чија продукција работеше заедно со Анџелина.

Вивиен не е единственото дете на холивудските ѕвезди кое се одлучи на ваков чекор. Најстарата ќерка Шајло прва законски го отстрани презимето на Бред. Таа поднесе барање во мај 2024 година, на својот 18-ти роденден, а промената беше одобрена неколку месеци подоцна.

Во септември годинава, истото го направија и Медокс и Захара. 

Братот-близнак на Вивиен, Нокс, исто така го изоставил презимето Пит од својата диплома за средно образование, но засега нема потврда дека и тој презел законски чекори за промена.

Промените на презимињата доаѓаат по турбулентниот развод на Анџелина и Бред, кој беше проследен со долгогодишни правни спорови и тензии.

Поранешниот пар се раздели во 2016 година, по 12 години заеднички живот и две години брак. Нивниот развод беше финализиран во декември 2024 година, по 8-годишна правна битка.

Во центарот на семејниот конфликт се најде инцидентот од септември 2016 година, за време на приватен лет, по кој беа изнесени обвинувања за несоодветно однесување на Пит кон членови на семејството.

Tags
Вивиен Џоли-Пит
Вивиен Џоли

Најнови

  • Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се откажа од презимето на татко ѝ: Таа е четвртото дете кое го направи овој чекор

    Wed, 11/04/2026 - 09:18
  • „Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска со остра реакција по скандалозната изјава на Петар Богојески

    Wed, 11/04/2026 - 09:05
  • „Под урнатините пронајдовме дедо кој ги гушкаше двете внуки, тоа е сцена која не избледнува“: Потресна исповед на волонтерка од Нови Сад

    Tue, 11/03/2026 - 23:29
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.