• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Под урнатините пронајдовме дедо кој ги гушкаше двете внуки, тоа е сцена која не избледнува“: Потресна исповед на волонтерка од Нови Сад

3 ноември 2026, 23:29
  • cподели

Две години по урнувањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, волонтерка со солзи во очите раскажа за ужасните сцени кои ги видела.

Дуња Халиловиќ од Организацијата за пребарување и спасување на Србија била меѓу спасувачите кои веднаш пристигнале на местото на трагедијата која се случи на 1 ноември 2024 година. Таа и нејзините колеги се соочиле со потресни сцени кои никогаш нема да ги заборават. Меѓу нив била и сликата на дедо кој ги имал прегрнато двете мали внуки под урнатините.

Во интервју за Blic.rs, таа се присети на часовите поминати во спасувачката акција и на борбата за животот на единствената преживеана, Теодора Мартинко.

Дуња раскажа дека тој петок започнал како и секој друг ден, сè додека не ја добиле веста дека нешто страшно се случило во Нови Сад.

„Во тој момент, никој од нас не можеше ни да претпоставиме колкави се размерите“ – рече таа.

Само половина час по повикот, Дуња и уште 19 нејзини колеги пристигнале на местото на несреќата. 

„Најтешко ми падна тоа што тоа беше мој град, нашиот Нови Сад. Тоа е момент кога треба да ги исклучиме емоциите. Тоа можеби е најтешко да се направи во својот град...“ – рече спасувачката.

Најпотресна била глетката на дедо кој ги имал прегрнато двете внуки во обид да ги заштити. 

„Бев токму на тоа место кога го подигнаа делот од бетонската конструкција и кога го пронајдоа дедото кој ги прегрнуваше двете внуки. Тоа е сцена која засекогаш останува во сите нас, сите кои го видовме тоа. Како времето да застана и сцената се врежа како некој со фотоапарат да направи фотографија која не избледнува“ – рече таа.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Blic (@blic.rs)

Иако било тешко да се гледа таков призор, спасувачите знаеле дека мора да продолжат.

Во делот за кој била задолжена Дуња се слушнал глас, а вниманието на спасувачите веднаш било насочено кон единственото лице кое ја преживеало трагедијата – Теодора.

Теодора Мартинко

Теодора Мартинко

Теодора успеала да го каже своето име и колку години има, а спасувачите се обидувале да ја одржат будна и постојано да комуницираат со неа.

„Таа можеше да ни каже како се вика и колку години има и тие информации ни беа потребни во тој момент. Останатата комуникација беше во проверување дали е будна и дали е со нас“ - рече Дуња.

Несреќата во Нови Сад се случи на 1 ноември 2024 година, во 11:52 часот, кога се урна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Во трагедијата загинаа 16 лица, а Теодора беше единствената преживеана, но со тешки повреди.

Tags
Дуња Халиловиќ
несреќа во Нови Сад

Најнови

  • „Под урнатините пронајдовме дедо кој ги гушкаше двете внуки, тоа е сцена која не избледнува“: Потресна исповед на волонтерка од Нови Сад

    Tue, 11/03/2026 - 23:29
  • „И во петтата деценија секогаш на врвот!“: Бодибилдерката Катерина Попева прослави за 6-тото место на СП во Шпанија

    Tue, 11/03/2026 - 11:14
  • „Животот со тебе е ролеркостер, но приказна што вреди да се живее“: Сопругата на Борко Ристовски му честиташе 44. роденден

    Tue, 11/03/2026 - 10:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.