Тамара Тодевска во розов фустан се бакнуваше со саканиот Лука на свадба на која беа кумови
Тамара Тодевска и Лука Радовиќ имаа романтичен момент на свадбена прослава на која беа кумови.
41-годишната пејачка и нејзиниот избраник танцуваа на песната „Dance Me to the End of Love“ од Леонард Коен и си разменија љубовен бакнеж.
За специјалната пригода, нашата музичка ѕвезда носеше розова креација со разголен грб и изгледаше одлично.
Претходно, Тамара настапи во рамките на караванот „Силно светнал ден“ и остави впечаток со својот настап и модниот избор. Таа носеше црвена креација од истиот дизајнер.