Браво! Тамара Тодевска го донира црвениот фустан од концертот за независноста за добротворни цели
Тамара Тодевска и дизајнерката Александра Филипова се вклучија во добротворната модна аукција „Fashion with a Cause“.
Македонската пејачка го донира црвениот фустан во кој настапи на концертот по повод 35-годишнината од независноста на Македонија, а собраните средства ќе бидат наменети за луѓе кои се соочуваат со болест, попреченост или недостапна правна помош.
41-годишната пејачка на социјалните мрежи ја сподели веста за хуманата иницијатива, која ќе се одржи утре, сабота, од 11:30 часот, во Музејот на современата уметност во Скопје.
Над 20 македонски дизајнери и уметници донираа ризница на модни парчиња и додатоци.
„За вас или вашите блиски наддавајте се за парче мода со двојна вредност бидејќи сите средства ќе бидат донирани за:
- ХОУП за првиот специјализиран Центар за лица со афазија по мозочен удар;
- КРИК за подобрување на условите за живот на младите со попреченост;
- Коалиција „Сите за правично судење“ за правна помош за оние кои немаат да платат адвокат“ – пишуваат организаторите на аукцијата.