Живкица Каленикова е на патување во САД и ужива додека истражува различни делови од Њујорк.
Познатата македонска водителка во друштво на сопругот Зоран го посети Големото јаболко и сподели видео со фотографии на Instagram.
„Есен во Њујорк“ - напиша таа во описот.
На дел од фотографиите, Каленикова прикажува кадри од преубави зајдисонца, живописни улици со високи облакодери, како и дружба со нејзината пријателка Дијана. Убавата водителка позираше и во ресторан, но и во елегантно вечерно издание во сензуален црн фустан.
Живкица и Зоран заедно имаат три деца: Даријан, Марко и Ана.