Елегантни и весели на свадба: Тамара Тодевска и Лука Радовиќ за првпат во улога на кумови
Тамара Тодевска и Лука Радовиќ за првпат ја добија честа заедно да бидат кумови на свадба, а судејќи по фотографиите, одлично се забавуваа.
Лука сподели албум со фотографии од свадбената прослава, откривајќи дел од атмосферата и нивните елегантни изданија.
„Кум и кума по првпат!“ – напиша тој покрај фотографиите.
За свечената пригода, Тамара избра долг сатенски фустан во нежна розово-виолетова нијанса, со висок околувратник и крој кој ја следи линијата на телото. Косата ја носеше собрана во елегантна пунџа, а изгледот го надополни со впечатливи обетки. Лука се одлучи за црн смокинг со бела кошула и пеперутка-вратоврска.
Тамара моментално се подготвува за големиот концерт закажан за 7 декември во арена „Борис Трајковски“.