• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Нема граници за едно големо срце“: Тамара Тодевска пееше за Леон, кој некогаш славеше роденден сам, а сега со голема дружина

18 август 2026, 08:40
  • cподели
Роденденот на Леон

Од стравот дека повторно ќе остане сам до роденденска прослава исполнета со музика, насмевки, позитивност и бројни гости. Леон го прослави својот 13. роденден опкружен со добродушни луѓе кои дојдоа да му покажат дека е сакан.

На Школка во Градскиот парк во Скопје се одржа инклузивен настан организиран по повод роденденот на момчето со аутизам, чија приказна допре до многу срца.

Зад иницијативата стои неговата мајка Амела Мемиш Апостоловска, поттикната од разочарувачко и тажно искуство од пред три години. Имено, кога Леон полнел 10 години, ги поканил своите другарчиња на роденден, но тие не дошле, па момчето останало само. Токму затоа, годинава неговиот роденден се претвори во отворен настан со порака за прифаќање, инклузија и другарство.

Меѓу оние кои ја разубавија веселбата беше и Тамара Тодевска. Популарната пејачка настапи на прославата, заедно со присутните ја сподели радоста и му ја отпеа на славеникот „Happy Birthday“.

По настанот, македонската ѕвезда објави фотографии и му упати прекрасна роденденска порака на Леон:

„Нема граници за едно големо срце – среќен роденден Леон 🎂

Твојот роденден нека продолжи да ги обединува сите деца и нека прерасне во една убава скопска традиција ❤️“

Роденденот на Леон
Роденденот на Леон
Роденденот на Леон
Роденденот на Леон
Роденденот на Леон

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

Желбата нејзините зборови да станат реалност ја дели и мајката на Леон, која уште пред прославата порача дека се надева оти овој ден можеби ќе прерасне во традиција – ден во кој секое дете ќе знае дека е добредојдено.

На специјалниот ден, Леон изјави: 

„Ние, децата со аутизам, не сме помалку вредни. Зборуваме со очите, со насмевката, со душата. Само треба некој да застане доволно блиску за да нè слушне.“

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

Само неколку часа пред настанот, Леон сè уште не бил сигурен што го очекува. И покрај сите подготовки, на мајка си ѝ рекол: „Мамо, уште не знам дали ќе дојдат“.

Смеј се Леон, дојдоа!

Tags
Тамара Тодевска
Леон Мемиш Апостоловски

Најнови

  • Роденденот на Леон

    „Нема граници за едно големо срце“: Тамара Тодевска пееше за Леон, кој некогаш славеше роденден сам, а сега со голема дружина

    Tue, 08/18/2026 - 08:40
  • Александра Заева скока во вода и се забавува на моминската забава на другарка на Тасос

    Mon, 08/17/2026 - 22:20
  • „Во оваа тишина се собра сета тага на Кочани што ја почувствува светот“: Светска премиера на филмот на Милчо Манчевски за пожарот во „Пулс“

    Mon, 08/17/2026 - 21:15
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.