• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Обожавателка на Тоше Проески пресреќна што доби винил-плоча од неговото семејство, а го чува и пенкалото со кое ѝ дал автограм

22 ноември 2026, 14:13
  • cподели

Љубовта кон Тоше Проески за многумина не згасна ни 19 години по неговата смрт. Напротив, неговите обожаватели и денес со истата емоција ги чуваат спомените, песните и секој мал детаљ кој ги поврзува со него.

Обожавателката Ема Тодоровска доби специјален подарок од семејството на Тоше, а радоста од изненадувањето ја сподели со своите следбеници на Instagram. Таа доби винил-плоча од неговиот последен албум „Игри без граници“, која ја фотографираше заедно со автограмот од Тоше што го добила пред многу години.

Подарокот ѝ го испратил Кристијан Ристески, внукот на Тоше, кој на овој начин ѝ приреди изненадување на Ема. Таа уште од 7-годишна возраст ја носи во себе љубовта кон Тоше, а до ден-денес споделува фотографии и спомени од македонската музичка легенда.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Ema Todorovska (@todorovskaema)

„Некои ветувања, се толку искрени и слободни од концептот на времето, што патуваат низ сите димензии и нишки од кои е направен универзумот, и наоѓаат начин да пристигнат баш кога е најпотребно.

'Од сега и засекогаш ќе бидам твој другар' , е токму такво ветување.

Би сакала да можам да опишам колку ми значи овој подарок од семејството на Тоше, но зборовите тука немаат моќ.

Сите верзии на Ема во мене од кога знаат за Тоше, од 7 години до денес, подеднакво силно ја носат љубовта за него. Секој ден.

@kristijanristeski ,ти благодарам од срце и душа 🫂
🫀
П.С. Да, пенкалото на сликата е истото со кое ја напиша посветата. Неупотребувано никогаш од тогаш. ✨“  - стои во нејзината порака.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Ema Todorovska (@todorovskaema)

Тоше почина на 16 октомври 2007 година во Нова Градишка. Имаше само 26 години. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на национална жалост.

Tags
Тоше Проески

Најнови

  • Обожавателка на Тоше Проески пресреќна што доби винил-плоча од неговото семејство, а го чува и пенкалото со кое ѝ дал автограм

    Sun, 11/22/2026 - 14:13
  • Во елегантна венчаница, со солзи во очите: Првите свадбени фотографии на Мајли Сајрус и Макс Морандо

    Sun, 11/22/2026 - 13:06
  • Септолете Тотал со кола вкус – познат бренд, нов и возбудлив вкус

    Sat, 11/21/2026 - 13:17
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.