Во елегантна венчаница, со солзи во очите: Првите свадбени фотографии на Мајли Сајрус и Макс Морандо
Мајли Сајрус го изговори судбоносното „ДА“. 33-годишната ѕвезда стапи во брак со Макс Морандо на романтична церемонија во Палм Спрингс, Калифорнија.
Двојката се венча вчера во присуство на најблиските членови на семејството и пријателите, а емотивните брачни завети открија дека младенците веќе размислуваат и за проширување на семејството.
„Пред да те запознам, бев изгубена, а кога те пронајдов тебе, се пронајдов себеси. Создавањето со тебе ми е најомиленото нешто на светот и затоа едвај чекам да имаме бебе. Се надевам дека нашето бебе ќе ја има твојата коса, но најмногу од сè се надевам дека ќе го има твојот прекрасен дух“ – му порачала таа.
На дел од фотографиите од свадбата, Мајли се гледа како си ги брише солзите, а ниту Макс не ги криел чувствата.
„Ќе бидам сопруг кој ќе направи да се чувствуваш безбедно и поддржано. Сакам секој ден да бидам тука за тебе и за нашето семејство... Благодарение на тебе сум подобра верзија од себеси“ – ветил 28-годишниот музичар.
Свадбената церемонија се одржа покрај базен, а Мајли блескаше во бела венчаница со разголен грб.
Меѓу присутните беа и најблиските на Мајли – мајка ѝ Тиш Сајрус, сестра ѝ Ноа Сајрус и татко ѝ Били Реј Сајрус кој беше придружуван од Елизабет Харли.
Мајли и Макс се во врска од 2021 година, а нивната љубовна приказна започнала со состанок на слепо. Во декември 2025 година беше потврдена нивната свршувачка, откако Мајли се појави со дијамантски прстен на премиерата на филмот „Avatar: Fire and Ash“.
Макс ја побарал за сопруга за време на романтично патување во Кјото, Јапонија, каде клекнал на едно колено во живописна градина додека Мајли снимала видеа.
За Мајли ова е втор брак. Претходно таа беше во брак со актерот Лијам Хемсворт, со кого се венча во декември 2018 година, но се разделија во август следната година.