Џенифер Лопез ги истакна облините во проѕирен фустан откако откри како ја одржува совршената форма на 57 години
Џенифер Лопез ги привлече сите погледи на премиерата на концертниот филм „The JLo Show: Live in Las Vegas“ во Лос Анџелес.
57-годишната пејачка се појави во креација од чипка од Dolce & Gabbana, која ја истакна нејзината неверојатна фигура. Иако чекори низ последните години од шестата деценија, слободно може да се каже дека Џеј Ло изгледа неверојатно.
Пред неколку дена, за време на гостување во подкастот „Friends Keep Secrets“, таа сподели повеќе детали за начинот на исхрана и физичката активност кои ѝ помагаат да го одржува својот изглед.
Лопез објасни дека со текот на годините сфатила дека мора да направи промени во исхраната и тренинзите. Особено важна промена била воведувањето вежби со тегови, на кои им се посветила пред околу 8 до 10 години.
„Вежбам, кревам тегови. Би рекла дека започнав пред околу 10 години, можеби пред 8 до 10 години. Тоа навистина ги промени работите за мене. Мускулната компонента ми даде сила“ – открила пејачката.
Лопез исклучително многу внимава и на тоа што јаде. Денес, нејзиното мени најчесто вклучува риба, храна богата со протеини и многу зелен зеленчук. Иако порано јадела сè што ќе посакала, вклучувајќи ориз, грав, леб, путер, свинско месо и пржена храна, со текот на времето го променила пристапот кон исхраната.
„Сè уште ги сакам сите тие работи, но откако го променив начинот на исхрана, сакам да останам во форма. Тоа ме прави да се чувствувам добро. Не го правам тоа заради некој друг, туку затоа што се чувствувам одлично кога се грижам подобро за себе“ – рекла таа.
Сепак, Џенифер не верува во целосно откажување од омилените задоволства. Напротив, таа сподели дека обожава колачиња со чоколадо и дури има сопствен рецепт за тесто за колачиња, кое го нарекува „J-Dough“.
„Вежбај и јади колачиња. Рамнотежа“ – напиша таа неодамна на социјалните мрежи.
Покрај исхраната и тренинзите, славната музичарка нагласува дека пие многу вода, не консумира кофеин, а во секојдневната рутина за нега на лицето ги користи производите од сопствената козметичка линија JLO Beauty.
Деновиве, Лопез зборуваше и за новото поглавје во личниот живот по разводот со Бен Афлек. Во интервју за „Extra“ таа рече дека се наоѓа во нејзината „среќна ера“ и дека повеќе не чувствува потреба да бара љубов или да чека некој друг да ја направи среќна.
„Среќата е во мои раце и во рацете на сите нас. Не мора да гледате во некој друг за да пронајдете среќа или љубов“ – порачала таа.