Тамара Тодевска во црно-бела креација настапи на првиот концерт за 35 години независна Македонија
Тамара Тодевска беше дел од артистите кои настапија на првиот концерт организиран за 35 години независна Македонија.
На музичко-сценскиот проект „Силно светнал ден“, 41-годишната пејачка ја изведе својата песна „Тажна љубов, среќна песна“ и „Излажи ме уште еднаш“ од Тоше Проески.
На стадионот „Билјанини извори“, македонската музичка дива се појави во црно-бел стајлинг.
Дводелната креација таа ја надополни со накит во златна боја и впечатлив црвен кармин.
ВИДЕА: