Нежни бакнежи и романтични моменти: Мајли Сајрус ги објави првите официјални фотографии од свадбата
Мајли Сајрус ја сподели свадбената радост со милионите обожаватели ширум светот. Само еден ден откако му го кажа судбоносното „ДА“ на Макс Морандо, 33-годишната пејачка ги објави првите официјални фотографии од големиот ден.
На романтичните фотографии, младенците разменуваат нежни бакнежи, позираат прегрнати и уживаат во заедничките моменти.
„М + М 🤍 21.11.2026“ - напиша кратко пејачката покрај фотографиите на Instagram.
Среќната невеста носеше софистицирана свилена венчаница со долги ракави од Saint Laurent, дизајнирана од Антони Вакарело. Невестинскиот изглед го надополни со свилени чевли, а нејзиниот избраник носеше елегантен смокинг од истата модна куќа.
Мајли и 28-годишниот тапанар од групата Liily се венчаа во саботата на интимна церемонија во Палм Спрингс, Калифорнија. Романтичната венчавка се одржа покрај базен, под раскошен лак украсен со бели цвеќиња, во присуство на семејството и најблиските пријатели.
Во брачните завети, Мајли откри дека со нетрпение очекува еден ден да стане мајка.
„Пред да те запознам, бев изгубена, а кога те пронајдов тебе, се пронајдов себеси. Создавањето со тебе ми е најомиленото нешто на светот и затоа едвај чекам да имаме бебе“ – му порача таа на Макс.
Двојката е заедно од 2021 година, а се сврши минатата година за време на романтично патување во Јапонија.