„Ако ме озборувате зад грб, барем уживајте во погледот“: Моделот Елена Ѓорговска во провокативен фустан во Мајами
Елена Ѓорговска ужива во американската авантура. По престојот во Њујорк, од каде споделуваше фотографии и интересни моменти од своите доживувања, атрактивната девојка отпатува во сончевиот Мајами.
Македонската манекенка и дипломирана докторка за вечерно излегување во суши ресторан избра смела модна комбинација која не остана незабележана.
Русокосата убавица позираше во долг светлосин фустан со длабоко отворен грб, впечатливи изрези од страните и набран долен дел кој ја следеше линијата на телото. Провокативната креација ја надополни со мала чанта и елегантна пунџа.
„Ако зборувате зад мојот грб, барем уживајте во погледот“ – напиша таа покрај фотографиите, алудирајќи на впечатливиот изглед на фустанот одзади.
Пред Мајами, Елена го истражуваше Њујорк заедно со популарниот мејкап артист Марјан Петров.
Елена, која со години успешно чекори на меѓународната модна сцена, во јули годинава дипломираше на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.