Катарина Ивановска турка „лада“, Young Dadi пее за девојка од Југославија: Забавен спот со ретро шарм
Катарина Ивановска е девојката од Југославија во спотот на Young Dadi, кој со хумор и многу ретро детали го оживува духот на едно минато време.
Македонскиот модел ја има главната женска улога во видеото, а меѓу сцените кои измамуваат насмевка е нивното возење низ градот во „лада“. Автомобилот можеби совршено се вклопува во југословенската приказна, но не успева да ги однесе до посакуваната дестинација без проблеми. Кога ќе се расипе, Катарина мора да излезе и да го турка.
„Она е девојка од Југославија, а ја сум тежок скопски парти манијак, живее во таа југоманија…“ – пее Дади во рефренот, кој ја поврзува музичката приказна со забавните случувања во спотот.
Видеото е дело на TAKAT STUDIOS, а зад извршната продукција стои „Авалон продукција“.
Дади ги потпишува музиката и текстот, додека аранжманот, миксот и мастерингот се на Andrejnik. Во создавањето на песната учествувале и Никола Мицевски и Димитар Николов како копродуценти, а соло-гитарата ја свири Зеле Липовача.