Во есенската колекција обувки и модни додатоци на Емилио Пучи се вплетува џет-сет ретро гламурот по кој е познат овој италијански бренд со младешката софистицираност на дизајнерот Питер Дандас. Погледнете ја колекцијата тука.
Никогаш не велете дека имате видено сè. Секогаш постои нешто што ќе ве шокира, особено ако ја гледате емисијата „Мојата чудна зависност“. Во најновата епизода гостуваа жена што си ги нема сечено ноктите веќе 22 години и 25-годишна која поминува половина од денот како бебе. Прочитајте повеќе.
Сакале или не, летните горештини ќе ве принудат да ја соберете вашата коса, па зошто да не го направите тоа во тренди плетенка? Ви предлагаме 5 различни плетенки кои го имаат посакуваниот модерен шмек. Научете како да ги сплетете.
Бекамови решија да му ја претстават на светот нивната прва ќеркичка Харпер Севен. Прво Викторија објави на својот Twitter профил фотографија од Дејвид и Харпер, а потоа Дејвид објави на Facebook слика од малото бебе и Викторија. Погледнете ги фотографиите тука.
По седум години брак, Џенифер Лопез и Марк Антони објавија дека се разделуваат. Познатиот пар со својата изјава за разделба ги шокира сите свои обожаватели.
Колекцијата есен/зима 2011 на модната куќа Гучи е неповторлив спој на духот на 70-тите години и модерното време. Погледнете ги официјалните фотографии.
Популарноста на Ријана на друштвената мрежа Facebook непрекинато расте со брзо темпо. 23-годишната пејачка ја симна од тронот Лејди Гага и стана најлајкуваната жена на Facebook.
Take That го објавија својот најнов спот за песната „When We Were Young“. Црно-белото видео е снимано на стадионот Вембли во Лондон по завршувањето на два концерта на популарната група. Погледнете го овде.
Гранита е полузамрзнат десерт направен од вода, шеќер и овошје. Одлично ќе се вклопи во вашата летна исхрана затоа што е лесен за консумирање и не содржи многу калории, а гарантирано ќе уживате во неговиот освежителен вкус. Научете како да приготвите гранита од лимон и од лубеница.
Грекос ја збогатува својата понуда со нови овошни вкусови и формати, создадени за различни моменти во денот, од појадок и ужина, до вкусна и практична пауза кога ни треба нешто што лесно се вклопува во нашиот ритам.
Од нега на лице, тело и раце, преку производи за домаќинството, па сè до производи за исхрана – издвојуваме седум производи од dm марките Balea, dmBio и Denkmit, со цени од само 49 денари.
Нептун Македонија на 17 август 2026 година, со почеток во 12:00 часот, свечено ќе го отвори продажниот салон Нептун Чаир, лоциран во Retail Park Point на Булевар Македонско-Косовска бригада бр. 67, Чаир, Скопје.