• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Бодибилдингот ги спои, ја запроси во теретана: Анастасија Монева за предлогот за брак од државниот првак Небојша

26 ноември 2026, 21:10
  • cподели

Љубовта понекогаш се појавува на места на кои најмалку ја очекуваме. За Анастасија Монева и нејзиниот вереник Небојша, таа започнала меѓу тренинзите, спортските предизвици и заедничката посветеност на бодибилдингот, а продолжила со еднаква страст и надвор од теретаната.

На 19 ноември, на местото каде што започнала нивната приказна, Анастасија доживеала изненадување што долго ќе го памети. За време на тренинг во фитнес сала, Небојша клекнал на едно колено и ѝ предложил брак. 

Моментот бил исполнет со емоции, а присутните биле многу изненадени.

Анастасија за Фемина зборуваше за предлогот за брак, нивното запознавање, љубовта и заедничките спортски амбиции.

„На 19 ноември доживеав едно од најубавите изненадувања во мојот живот. Бев запросена за време на тренинг во Magnus Fitness Center. Искрено, воопшто не очекував вакво изненадување, особено не на местото каде што секојдневно тренираме. Бев премногу изненадена, возбудена и среќна.

Моментот беше исполнет со емоции, а посебно интересни беа и реакциите на луѓето околу нас. Некои од нив коментираа дека за првпат гледаат запросување во теретана, прашувајќи се што се случува, бидејќи никогаш претходно не виделе нешто слично.

Можеби токму затоа овој момент беше толку посебен – запросување на местото каде што започна нашата приказна, поврзана преку заедничката љубов кон спортот“ - ни изјави таа.

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

Спортот за Анастасија и Небојша е начин на живот, професија и страст што ги поврзува. Небојша е државен првак во категоријата Men’s Physique за 2025/2026 година, додека Анастасија има освоено две втори места во категоријата Body Fitness во 2026 година. А како дополнителна, речиси судбинска случајност, двајцата го делат и истиот роденден – 25 март.

Интересно е што Небојша најпрво бил нејзин тренер, а нивната професионална поврзаност со текот на времето прераснала во љубов.

„Мојот вереник Небојша е државен првак во категоријата Men’s Physique за 2025/2026 година, државен репрезентативец во бодибилдинг и фитнес тренер, кој веќе три години активно се занимава со натпреварувачкиот спорт. Јас, пак, зад себе имам две освоени втори места во категоријата Body Fitness во 2026 година, и тоа по само една година тренинг и посветена работа на исхраната и подготовките.

Љубовта кон спортот ја наследив од мојот татко, кој исто така бил натпреварувач во бодибилдинг. Спортот отсекогаш бил дел од мојот живот, но денес има уште поголемо значење, бидејќи го делам со личноста која ми е и најголема поддршка.

Интересно е што нашето запознавање започна токму преку бодибилдингот. Небојша најпрво беше мој тренер, а со текот на времето нашата професионална поврзаност прерасна во љубовна приказна. Денес тој е истовремено мој тренер, партнер и иден сопруг.

Она што ја прави нашата приказна уште посебна е фактот што двајцата сме родени на ист ден и месец – 25 март. Двајца активни спортисти и натпреварувачи, со исти карактер, исти интереси и љубов кон ист начин на живот. Ние сме две сродни души кои случајно или можеби судбински се пронашле и се споиле во едно.

Нашата љубов беше на прв поглед. Ми го освои срцето со еден поглед, а денес сум неизмерно среќна што пронајдов личност која ме разбира дури и без зборови, со само еден поглед. Неочекувано пронајдов некој со кого можам да ги споделам и најубавите моменти, но и предизвиците што ги носи секојдневието.

Фитнесот е составен дел од нашиот живот. Заедно тренираме, заедно подготвуваме оброци и заедно се грижиме за здравите навики. Тренираме пет до шест дена неделно, во зависност од тоа дали сме во натпреварувачки подготовки или надвор од натпреварувачката сезона. Бодибилдингот бара многу дисциплина, посветеност, трпение и одрекување, но кога покрај себе имаш личност која целосно го разбира тој начин на живот, сè станува полесно.

Во моментов заедно се подготвуваме за следните спортски предизвици. Во план ни се Купот на Македонија во април  и меѓународниот натпревар Hercules, а нашите амбиции за 2027 година се насочени и кон настапи на балканско, европско  и светско првенство“ - сподели таа.

За неа, тајната на среќната врска не се крие во големите гестови, туку во малите нешта што секојдневно ја градат блискоста.

„Верувам дека за среќа е потребно малку, но токму тоа малку всушност значи сè: разбирање, почит, искреност и доверба. Кога двајца луѓе искрено се сакаат, се почитуваат и си веруваат, создаваат нераскинлива поврзаност.

Нашата приказна е доказ дека љубовта може да се пронајде и таму каде што најмалку ја очекуваш. Кај нас тоа беше во теретана, меѓу тренинзите, дисциплината и заедничките спортски цели. А денес, покрај тоа што заедно ги градиме нашите спортски успеси, го градиме и нашиот заеднички живот“ - дополни Анастасија.

Tags
предлог за брак

Најнови

  • Бодибилдингот ги спои, ја запроси во теретана: Анастасија Монева за предлогот за брак од државниот првак Небојша

    Thu, 11/26/2026 - 21:10
  • Фантастична: Емина Јаховиќ во две впечатливи креации освојуваше на концертите во Белград

    Thu, 11/26/2026 - 20:00
  • Најдобрите шопинг зделки овој Black Friday се во Fashion Group

    Thu, 11/26/2026 - 15:38
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.