Емина Јаховиќ одржа два концерта во белградскиот Сава центар, каде приреди вистинско музичко уживање, но и привлече внимание со сценските стајлинзи.
44-годишната српска пејачка настапи во две впечатливи креации, со кои покажа две сосема различни модни изданија.
Белата тоалета со светкави детали ѝ даде префинет и елегантен изглед, додека црната креација со корсетен дизајн и драматична силуета ја истакна нејзината посмела и заводлива страна.
„Две незаборавни вечери во Белград. ❤️🍀🧿
Благодарам, драга моја публико! 🙏🏻💫❤️“ - напиша таа во описот на споделените фотографии од музичките шоуа.