• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

ФОТО: Најинспиративниот човек кој нема раце и нозе се ожени

20 февруари 2012, 21:47
  • cподели

Ник Вујичиќ е човек со неверојатен карактер. Тој со своите оптимистички зборови никого не може да остави рамнодушен. И покрај тоа што е роден без раце и нозе, 29-годишниот Австралијанец со српско потекло не дозволил тоа да го спречи да го живее животот до максимум.

Ник и досега имал за што да се радува, но неодамна беше еден од најсреќните денови во неговиот живот. Само неколку дена пред празникот на вљубените, тој стапил во брак со својата сакана и двајцата беа забележани како уживаат во својот меден месец на плажа на Хаваи.

Надминувајќи ги сите физички бариери, на фотографиите се гледа како Ник ја фотографира својата невеста Канае Мијахара. Фотографиите се исто толку инспиративни колку и животот на Ник.

Ник Вујичиќ и сопругата КанаеНик Вујичиќ ја фотографира сопругата Канае Свадбата на Канае и НикСвадбата на Канае и Ник

Вујичиќ е роден со редок деформитет (тетра-амелија синдром), односно роден е без екстремитети. Вообичаено лицата со ваков деформитет не се во можност да ги извршуваат наједноставните секојдневни активности, но тој досега успеал да направи многу повеќе отколку што многумина направиле во текот на цел живот. Со огромна смелост тој сурфа, плива, игра голф, патува низ различни држави и мотивира милиони луѓе да си го подобрат животот.

Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ

Животот на Ник не бил отсекогаш толку убав. Кога бил дете, тој западнал во депресија и дури и се обидел да се самоубие.

„Бев во длабока депресија кога имав 8 години. Отидов кај мајка ми плачејќи и ѝ кажав дека сакам да се самоубијам“ – признал Ник. Две години подоцна, на 10-годишна возраст, се обидел да се удави во кадата. За среќа, не успеал.

Ник држи мотивациски говор

Со помош на пријателите, семејството и вербата во Бог, Ник се извлекол од депресивната состојба.

„Кога имав 13 години во весник прочитав за хендикепиран маж кој успеал да постигне големи нешта и да им помогне на други луѓе. Сфатив дека Бог нè направил вакви за да им даваме надеж на другите. Тогаш тоа толку ме инспирира што решив да го искористам мојот живот за да ги поттикнувам другите луѓе и да им давам храброст каква што таа статија ми даде мене. Решив да бидам благодарен за тоа што го имам, а не лут за она што го немам. Се гледам во огледалото и си велам: знаеш што, светот е во право, немаш ни раце, ни нозе, но тоа никогаш нема да ми ја одземе убавината на моите очи. Сакав да се концентрирам на нешто убаво што го имав“ – објаснил Ник.

Ник Вујичиќ

Пред извесно време Ник имаше изјавено дека би сакал да се жени, но дека ја нема сретнато вистинската. Во август минатата година тој ја побара Канае за жена и на 10 февруари нивната љубов беше крунисана.

Ник Вујичиќ и сопругата Канае

Ако досега не сте го виделе, погледнете го емотивното видео во кое Ник држи еден од неговите мотивациски говори:

Tags
Ник Вујичиќ
инспиративна приказна

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.