• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Правда мора да има“: Претепаната Сара од Охрид со модринки на лицето на суд, обвинетиот не се појави

27 ноември 2026, 13:48
  • cподели

Со видливи модринки на лицето, 26-годишната Сара Ѓорѓиеска денес се појави во Основниот суд во Охрид, со надеж дека ќе започне судскиот процес за нападот во кој беше тешко повредена. Сепак, првото рочиште против насилникот Кристијан Корабоски беше одложено, а обвинетиот не се појави во судницата.

Скопје1.мк објави дека одбраната побара изземање на јавниот обвинител кој постапува во предметот, сите јавни обвинители од Основното јавно обвинителство во Охрид, судиите, како и претседателот на охридскиот суд. Барањето за изземање на судиите било одбиено, додека за останатите треба да се произнесат повисоките надлежни инстанции.

Адвокатот на Сара, Ѓоко Шајн, смета дека со ваквите барања се настојува да се одложи соочувањето со судската постапка.

„Сметам дека е поради одолговлекување на постапката и избегнување на одговорноста“ – изјави тој.

Шајн посочи дека тие инсистирале Сара да присуствува на рочиштето, нагласувајќи дека е важно таа да биде во судницата.

„Оштетената Сара не ја прашаа дали може да биде присутна, ние инсистиравме да биде, бидејќи правда мора да има“ – рече адвокатот.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Сакам да кажам (@sdkmk)

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ohridnews.com (@ohridnews.mk)

Корабоски е обвинет за телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста. Следниот чекор ќе зависи од одлуките по барањата за изземање, по што ќе може да се утврди кога ќе започне судскиот процес.

Случајот предизвика големо внимание во јавноста, особено по потресното сведоштво на мајката на Сара, Ирена Ѓорѓиеска, која претходно изнесе сериозни тврдења за околностите во кои нејзината ќерка била нападната и оставена без помош.

Tags
Сара Ѓорѓиеска
Кристијан Корабоски

Најнови

  • „Правда мора да има“: Претепаната Сара од Охрид со модринки на лицето на суд, обвинетиот не се појави

    Fri, 11/27/2026 - 13:48
  • „Да изневериш бремена жена е сосема друго ниво на зло“: Сопругата на Мануел Нојер сподели порака по нивната разделба

    Fri, 11/27/2026 - 13:25
  • „Сакав да го направам невозможното можно и успеав“: Македонката Ивана стана Ариел во дизниевиот мјузикл „Малата сирена“ во Австрија

    Fri, 11/27/2026 - 12:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.