„Сара на мравка не гази, скриениот психопат делуваше како мирен“: Реакции за случајот со претепаната девојка од Охрид
Случајот со Сара од Охрид, која беше брутално претепана од својот партнер и заврши во болница, предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.
Особено силни се реакциите на познаниците на Сара, кои не можат да поверуваат дека се соочила со ваков кошмар. А најголем револт предизвикува фактот што насилникот е ослободен од притвор и против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
Бобан Наумоски
Лично ги познавам двајцата – како наши членови во теретана. По 100тина повици во текот на денешниот ден од секој некој кој е во неверување, исто како што сум и јас сеуште, полека ми спласнува информацијата дека ова се вистина луѓе кои ги познавам и дека настанот е навистина случен, дека не е само лош сон... За девојката има една поговорка со која може комплетно да се опише - на мравка не гази.
Прибрана, културна, работлива и лепотица која се надевам ќе собере сила да остане иста после овој претрпен кошмар.
Скриениот психопат кој навидум делуваше како мирен, повлечен и културен дечко кој цел живот спортува, а последната година работеше и како персонален тренер низ Охрид покажа лице кое сите кои го познаваа ги остаде во шок и неверување. Ни на крај памет не би го ставил во групата на потенцијални насилници врз понежната половина... сè до денес. Се запрашувам со кој сè јас секојдневно се поздравувам, комуницирам и делам исти воздух!?
Како татко на две девојчиња, особено ме вознемирува најновата информација дека наводно се товари само за телесна повреда, а не за обид за убиство. Доколку оваа информација е точна, сметам дека станува збор за исклучително сериозен проблем.
Не смееме да дозволиме општеството да дојде до точка во која татковците и браќата ќе помислуваат дека единствениот начин да ги заштитат своите ќерки и сестри е да ја земат правдата во свои раце. Тоа би било уште еден пораз на институциите и на сите нас.
Владимир Тодоровски
Девојчето е школска моја имам делено клупа со неа, дознавајќи вакви вести едноставно буди гнев и разочарување за едно општество колку немаме свест и контрола.
Го фаќаме дното од ден на ден, а да не зборувам тоа дека машко одлучил да ја претепа до овај степен кој е еднаков на убиство, а пред некој ден имавме и убиство. Очекував дека барем како млади генерации ќе правиме промени, никој не го заслужува ова!
Секоја жена која трпи некаква насилство пријавете одма и побарајте помош. Овај ли е тој надзор? Ликот ќе шета слободно за 1 недела низ град? Што ќе ја штити девојката утре слободно да излезе низ град и дека нема да го сретне? Срам и за тие што биле таму и не помогнале воопшто и тие се учесници во ова!
Ина Многуфина
„Биле во диско, излегле, девојчево му рекло нешто околу тоа да не се опива дека не се осеќа безбедна кога пие. Ко секој здраворазумен човек што не се осеќа безбедно, а ни комотно до пијаница. И фатил ја претепал бидејќи ваљда така сакал да и докаже дека е сосема безбедна со него, не знам што сакал точно, ама ја претепал до губење свест. Па се возел околу ама не до болница. Па она се освестила малку. И он пак не ја однел накај болница туку ја исфрлил пред маркет. И си продолжил.
Дошле, го поапсиле. И сега идеме до делот каде сите ќе речат "на мое дете вака..." па така рекол и татко и, додека детево му лежи во костозглобна. За на крај, мајката на тепачов да го пријави таткото на жртвата за закани. И рекол "ќе ве уништам". И така ние сега дознаваме дека мајката на насилникот е поранешна претседателка на
Државната комисија за спречување на корупција. И во случај да играат тука врски и услуги што е рамно на корупција, да го следиме случајов до крај со насилников, да видиме да не се протне без казна. Инаку, чисто да знаете, алкохолот најчесто се среќава во случаите на семејно насилство. Буквално пијаничиштата се најагресивни. #stopviolenceagainstwomen“.
Кристина Арнаудова
„Секој ден се будиме со нов обид за убиство на жена во државава! Минатата недела биле пријавени 15 случаи. Може ли да замислите колку не биле пријавени?!?
Што е со машкиот род и агресијата?!?
И ова не е од вчера, само сега почнавме да зборуваме за ова, мажиња кои сопствените фрустрации од неуспех си ги лечат преку тепање на жени! И да, ова се сè Фемициди! Може терминот не ви се допаѓа, ама тој е.“
Каролина Гочева
„Нов ден, нов монструм! Добро утро Македонијо“ – стои во нејзината објава.
Тамара Тодевска
Кристина Крлеска Деспотоска
Како мајка на ќерка, како жена и како човек, не можам да останам рамнодушна на бруталното насилство врз една девојка во нашиот град.
Охрид е град во кој живееме, во кој растат нашите деца, во кој сакаме да се чувствуваат безбедно, слободно и заштитено. Затоа ваквите настани не смеат да бидат само уште една вест што ќе ја прочитаме, ќе ја искоментираме и утре ќе ја заборавиме.
Зад секоја претепана девојка стои една личност, едно семејство, една мајка која се плаши за своето дете. Зад секој ваков чин стои насилство што не смее да се оправдува, премолчува или релативизира.
Не е љубов кога некој те удира. Не е љубомора, не е нервоза, не е приватна работа. Тоа е насилство!
Како мајка, не сакам ниту една девојка да живее во страв, да се плаши да прекине врска, да се плаши да каже „НЕ“ или да размислува дали ќе биде безбедна покрај човекот на кого му верувала.
Но, не смеат да молчат ниту оние што знаат, што гледаат и што слушаат. Молкот не е неутралност. Молкот често му дава сила на насилството.
Очекувам институциите да постапат сериозно и одговорно, а сторителот да ја понесе одговорноста согласно законот.
Да не бидеме глуви, да не бидеме слепи и да не бидеме рамнодушни!
Денес е нечие туѓо дете, утре може да биде нашето.
Да ги воспитуваме синовите да ги почитуваат жените, а ќерките да знаат дека никој нема право да им ја одзема слободата, достоинството и безбедноста.
Ниту една жена не заслужува насилство. Ниту една девојка не смее да биде оставена сама!
СТОП ЗА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ!
Љупка Митрова
Ведрана Ѓорѓевиќ
Едина Муса
Владанка Крстевски
Умејр Муамеди
Сведоштво од мајката на Сара која беше претепана до бесозание и оставена пред маркет од нејзиниот дечко…
“Маминото синче постојано се фалело дека, без оглед на тоа што ќе се случи, неговите родители се доволно моќни за „да средат“ сè.
Она што дополнително ја прави целата ситуација уште пострашна се околностите поврзани со постапувањето на неговиот татко. Во моментот кога мојата ќерка била во бессознание, Кристијан, мислејќи дека таа е мртва, стапил во контакт со својот татко, барајќи помош како да се ослободи од нејзиното тело.
Неговиот татко му давал насоки како да се ослободи од телото на мојата ќерка.
Пред сето тоа, нејзиниот телефон бил намерно искршен, со што ѝ била одземена можноста да повика помош и да побара спас.
„Собери ги сите познаници, да го прикриеме нештово и да се ослободиме од оваа, дали да ја фрлам во некоја провалија?“
Ова се зборови кои Сара ги слушнала во момент кога се наоѓала во крајно беспомошна состојба.
Во целата оваа ситуација се споменува и неговата тетка, мајка на две ќерки, која, контактирала со болницата во која моментално е сместена Сара, со цел да се влијае врз медицинскиот извештај и да се ублажи сериозноста на повредите, како Сара да била само малку изгребана.
Навистина е поразително особено кога станува збор за жена која и самата е мајка на две ќерки.
Посебно загрижувачки се и постапките на лицата од неговото опкружување, кои одбивале да ја однесат во болница, иако таа самата ги молела за помош. Наместо да покажат минимум човечност и да ѝ помогнат на повредена девојка, тие одбиле да реагираат.
Уште пострашно е сведочењето дека во тој момент Кристијан побарал нож и сакал да ја „докрајчи“.
Најголемата среќа во целата оваа трагедија е што Сара дошла при свест пред напаѓачот да успее да ја однесе и да ја фрли во некоја провалија. Токму затоа, кога сфатил дека таа се освестила, ја фрлил на улица.
До кога ќе дозволуваме некој да мисли дека може да прави што сака, да избегнува одговорност и да се чувствува недопирлив само затоа што зад себе има партиски врски, моќни родители и познанства?
Пишува Ирена Ѓорѓиевска - мајка на Сара
Фросина Фро
СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.К.(31) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 3 од Кривичниот законик.
На 15.11.2026 околу 02:00 часот, по претходна расправија која започнала во неговиот дом, а продолжила во неговиот автомобил, пријавениот во возилото физички ја нападнал неговата 26-годишна девојка од охридско. Откако го сопрел возилото, продолжил со нападот, при што девојката изгубила свест и паднала, по што била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Преземени се мерки и набргу по настанот, во 05:05 часот К.К е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Додека, по барање на ОЈО, Основен суд во Охрид донесе решение и му изрече мерки на претпазливост.
Во врска со настанот, на 15.11.2026 во 08:50 часот во СВР Охрид, Љ.К.(51) од Охрид, мајка на К.К., пријави дека Љ.Ѓ.(49), татко на девојката, на мобилен телефон упатил закани на нејзиниот син К.К. и на целото семејство, по што истиот ден во 13:20 часот во Охрид и тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Против него, исто така, ќе биде поднесен соодветен поднесок.