Аврил Лавињ стана мајка.
Познатата канадската пејачка радосната вест ја сподели со своите следбеници на Instagram, каде со неколку црно-бели фотографии откри дека со партнерот добиле ќеркичка.
„Пристигна нашата минијатурна е**** принцеза“ - напиша Лавињ во описот на објавата.
На едната фотографија, 42-годишната музичка ѕвезда и нејзиниот партнер нежно ја држат малата рака на бебето, додека на другата пејачката ја прегрнува својата малечка.
Последниот кадар е во препознатливиот стил на Аврил, со нејзиниот омилен модел на Vans патики, два пара за возрасни и еден минијатурен пар за бебето, поставени на скејтборд.
Лавињ засега не го откри идентитетот на таткото на девојчето, ниту сподели повеќе детали за раѓањето. Нејзиниот претставник за списанието People потврдил дека Аврил ужива во времето поминато со своето семејство, додека истовремено работи на новиот музички албум.
„Аврил ужива во времето со семејството и работи на својот нов албум. Сака да им се заблагодари на обожавателите за сета љубов и поддршка“ - изјавил тој.
Лавињ зад себе има два неуспешни брака со Дерик Вибли и Чед Кругер, свршувачка со музичарот Мод Сан, како и љубовни врски со Броди Џенер и раперот Тајга.